Едногодишна сертификациона програма за банкарска специјализација

Програмата е изработена во партнерство со EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел. 
На крајот од специјализацијата добивате:
- 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ - континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
- Специјалистички сертификат – Диплома за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
- Можност за трансферни ЕКТС (кредити) на формални образовни установи.
Специјализацијата ги опфаќа најрелевантните теми на подрачјето на управување со најзначајните категории на ризици со кои финансиските институции се соочуваат во нивното работење (кредитниот, пазарниот, ликвидносниот, каматниот и оперативниот ризик). Секако програмата ќе ги опфати како не помалку важни и останатите ризици (правниот, репутацискиот, стратегискиот и ризикот од профитабилност). Посебно внимание ќе се посвети и на т.н. интегрирано управување со ризиците (ERM).
Програмата ќе стави акцент на тековните и практичните трендови на управувањето со ризици на светско ниво прилагодени за специфичноста на работењето и предизвиците со кои се соочува македонскиот банкарски сектор. 

Напомена


Уписен рок:  во тек

Информации


Вкупен фонд на часови: 90 часа
Времетраење: една академска годна
Почеток на предавања НОВИ групи: ноември 2023 година

Место: АБИТ (бул. „ 3та Македонска бригада“ бр. 1)
Динамика на обуката: два пати во неделата

Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација

exam feeCERM 1CERM 2CERM 3
30 EUR 390 EUR- 24.063 МКД 480 EUR - 29.616 МКД 480 EUR - 29.616 МКД
невработени и студенти 20%
312 EUR - 19.250 МКД
невработени и студенти 20%
384 EUR - 23.693 МКД
невработени и студенти 20%
384 EUR - 23.693 МКД


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by