АБИТ ВРЕДНОСТИ
МИСИЈА
Да создадеме современи концепти на специјалистичко образование и да поставиме нови професионални образовни стандарди во двете најперспективни и силно поврзани индустрии во светот: банкарската и информатичката.
ВИЗИЈА
Ние сакаме да го направиме Балканот подобро место за живеење. Ние сакаме да помогнеме за успех.
ЦЕЛИ
- Финансиска едукација и зголемување на нивото на финансиска писменост на населението во Р.М.
- Помагање преку специјализиран тренинг и едукација во областите на банкарство, сметководство, информатички технологии и претприемништво.
- Развој на информатичката наука и технологија во Р.М.
- Промоција на домашна и интернационална соработка со универзитети, високи школи, институти, академии и останати неформални образовни институции.
- Промоција на претприемништвото како современа деловна и развојна филозофија на приватните и јавните, стопанските и нестопанските претпријатија.
- Развој на издаваштво (издавачка дејност) во насока на обезбедување на достапност на информациите до јавноста и развој на научната мисла.
- Помагање на населението при партиципатијата во регионалните проекти и користењето на Европските и останатите меѓународни фондови.
- Создавање во континуитет, креативна интелегенција која ќе биде водич или стимулатор за секој поединец во функција на креирање на успех (според начелата на Наполеон Хил).
- Регрутирање, промоција и развој на квалитетни човечки ресурси, преку развивање на волонтерска пракса.