Општи податоци
Локација: АБИТ (Конгресна сала кат 2) Орце Николов бр. 75
Времетраење: 09:00 – 16:00 часот
Рок за пријавување: 15 октомври 2018
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 6.900 ден.
НАПОМЕНА:
За втор учесник од иста институција се плаќа 80%.
Полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.
Цели
Оваа обука има за цел да помогне во процесот на дефинирање на нефункционалните пласмани.
Почнувајќи од процесот на создавање на кредитните продукти (дизајнот на финансиските производи), понудата на пазарот, клиентите, нивното портфолио, кредитоспособност, промените кои можат да настанат по продажбата на кредитите до конечна наплата, со сите проблеми, изнаоѓање на можни решенија достапни и прилагодливи за клиентите.
Преку практични примери и решавање на реални проблеми со case study до успешна наплата на нефункционални кредити.
Целна група
Семинарот е наменет за сите кои што се вклучени во процесот на создавање на кредитни производи, лица од секторите кои се задолжени за анализа и процена на кредитоспособноста на клиентите, лицата од секторите за наплата, лицата од секторите за управување со ризици (од ненаплата на кредитните производи), и сите останати кои сакаат професионално и лично да се запознаат и размента искуство од своето работење за еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат банките – наплатата на нефункционалните кредити.
Содржина
МОДУЛ 1: Планирање, формирање на сценарија при наплатата и менаџирање со клиенти, при наплатата на проблематични кредити.
Љупчо Милошевски
МОДУЛ 2: Извршување врз недвижности и реализација на хипотеки
Весна Деловска
МОДУЛ 3: Наплатата на проблематичните кредити низ призмата на битијата на некои кривични дела
Марија Џабирова Велков
МОДУЛ 4: Дискусија и решавање практични примери од секојдневното реботење
Љупчо Милошевски
Весна Деловска
Марија Џабирова Велков
Потврдување и јазик
На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат под менторство на EBTN – Brussels.
Обуката се изведува на македонски јазик.
Предавачи
Љупчо Милошевски
Директор на Сектор за правни работи и управување со кабинет на УО на Стопанска Банка АД Битола
Љупчо Милошевски има дипломирано на Правниот факултет во 1995 година кога и ја има започнато својата работка кариера како правен советник – волонтер во Основното јавно обвинителство на РМ се до 1997 година кога се вработува како правен советник во приватна компанија. Од април 1998 до октомври 2001 година работи како виш правен советник во Апелациониот суд во Скопје. Од секторот правда во 2001 година, преминува во банкарскиот сектор и до 2006 година работи како Виш правен советник во Шпарасе банка АД Скопје. Од 2006 година до 2008 година поставен е на работна позиција Менаџер на IFAD и Микро кредитирање. Од 2008 година до 2011 година е на работна позиција Управител на правен сектор. Од 2011 година до 2013 година на работна позиција Заменик раководител на Workout Repossessed Assets Шпаркасе банка АД Скопје. Од мај 2013 година е на работна позиција Директор на Сектор за правни работи и управување со кабинет на УО на Стопанска Банка АД Битола.
Весна Деловска
Извршител именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 и Скопје 2
Весна Деловска има дипломирано и магистрирано на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје. Својата работна кариера ја започнува како правник во ЗЕГИН ДООЕЛ Скопје. По полагањето на правосуднит испит во 2000 година до 2009 година има работено како адвокат. Од 2009 година е именувана за извршител за подрачјето на Основен суд Скопје 1 и Скопје 2. Предавач е во Академија за судии и Јавни обвинители на РМ и во Стопанска комора на РМ. Има земено активно учество на тркалезна маса на тема – Проект за разрешување на долгови во РМ во организација на Министерство за економија на РМ – Мај 2018 година. Активно учества во работа на Комора на извршители на РМ. Била претседател на надзорен одбор на Комора на извршители на РМ од 2016 година до 2018 година. Член е на Комисија за изработка на тарифа за награда и надомест на работата на извршителите на РМ. Член е на Комисија за изработка на предлог за измени на Законот за извршување.
Марија Џабирова Велков
Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје
Весна Деловска има дипломирано на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, а магистрирано на Универзитетот во Грац, Австрија на тема „Европската интеграција, правото на ЕУ, регионализмот и федерализмот, политиката на кохезија„. Во 2016 година ја има завршено почетната обука за судии и јавни обвинители на Академијата за судии и јавни обвинители.
Својата работна кариера ја започнува како правник во СМ Компанија на Правни работи - граѓански и трговски работи. Од февруари до април 2005 година работи во Европскиот парламент, Брисел (Белгија) како асистент-практикант во секојдневните задачи на членот на Европскиот парламент. Испорака на анализи и извештаи од комисиите. Марија Џабирова Велков има адвокатско искуство како Правник соработник за граѓански прашања / осигурување / надомест на штета.
Од 2006 година до 2008 година има работено на проект на UNDP (експерт за координација на помош) Координација на помош во судството. Од 2008 година до 2013 година во Министерството за правда/ одделот за ЕУ прашања работи на проектот за Координација на помош во судството и имплементација на Инструмент за претпристапна помош (ИПА). Од 2016 година со завршување на обука за судии и јавни обвинители на Академијата за судии и јавни обвинители е избрана и до денес работи како јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје.