28.06.2018
МОДУЛ 2
Најдобрите млади и идни банкари учат од д-р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, генерален директор на Халк Банка АД Скопје
Тема:
„ПРИНЦИПИТЕ НА БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ НА ГЛОБАЛНО НИВО И ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“
Аплицирај за семинарот
Општи податоци
Локација: НБРМ (Конференциска сала, 9 кат)
Времетраење: 10:00 – 13:00 часот
Рок за пријавување: до 26 јуни 2018
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 1.500 МКД
За студенти цената е 1.200 МКД (20% попуст)
Полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.
Цели
Запознавање на младите и потенцијални нови банкари, студенти и заинтересенти со практичните аспекти на работа кои создале успех во Халк Банка АД Скопје. Врз основа на богатото искуство на генералниот директор на Халк Банка АД Скопје во маркетингот и продажбата, како и на завидната академска наобразба, ќе бидат синтетизирани и сумирани карактеристиките на банкарскиот сектор во Република Турција и Република Македонија, како и клучните принципите и практиките за поттикнување на развојот и растот на организациите чија дејност е банкарството.
- Согледување на разликите во однос на банкарските принципи и практики во различни делови од светот
- Согледување на практиките за поттик на развојот на една организација
- Идентификување на маркетингот и продажбата како основа за успехот
Целна група
Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, истражувачи, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да се запознаат со основите и принципите на работа на менаџментот на Халк Банка АД Скопје.
Содржина
МОДУЛ 1: Карактеристиките на модерното банкарство во различни делови од светот
- Дефинирање на банкарството од практичаритеи идентификување на предизвиците со кои се соочуваат банките во современото општество
- Принципи на модерното банкарство во различни делови од светот
- Карактеристики на банкарскиот сектор во Република Турција
МОДУЛ 2: Тековни состојби и иден развој на банките во Република Македонија
- Тековни состојби во банкарскиот сектор во Република Македонија
- Иден развој и приоритети во управувањето на банките
- Халк Банка АД Скопје – банка со галопирачки раст
МОДУЛ 3: Маркетинг и развој на нови производи во банкарскиот сектор
- Трендови во маркетингот во банкарскиот сектор на глобално ниво
- Иновативноста во банкарскиот сектор
- Предизвици во создавање силен бренд во Република Македонија
Потврдување и јазик
На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.
Обуката се изведува на турски јазик со превод на македонски јазик.
Предавач
д-р Билал Суџубаши
Претседател на Управен одбор на Халк Банка АД Скопје
Биографија:
Д-р Билал Суџубаши е роден во 1972 година во Даренде, Малатја. По дипломирањето на Факултетот за економски и административни науки при Универзитетот Ерџијес, своето образование го продолжува на Одделот за бизнис, менаџмент и организација при Универзитетот Инону во Малатја. Има завршено магистерски и докторски студии. Својата професионална кариера ја започнува како учител во Даренде, а потоа стажира во Советништвото за финансии во Малатја. Во текот на својата кариера работи како службеник во Филијалата на Халкбанк во Даренде, како Заменик раководител на Дирекцијата за организација, Директор на филијалата во Аксарај/ Ортаќој, Директор на Секторот за маркетинг за физички лица во Регионалниот координативен центар Дијарбакир, Директор на Секторот за корпоративен маркетинг, Директор на комерцијалната филијала во Мерсин и Директор на Секторот за корпоративен маркетинг во Халк Банкаси А.Ш. Турција. Од 26.12.2017 година, д-р Суџубаши ја извршува должноста Претседател на Управниот одбор на Халк Банка АД Скопје.