17.05.2018
МОДУЛ 1
НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ И ИДНИ БАНКАРИ УЧАТ ОД ВИЦЕГУВЕРНЕРОТ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, д-р Анита Ангеловска Бежоска
Тема:
“Предизвиците за централните банки во периодот по избувнувањето на глобалната економска криза, со фокус на монетарната политика во Република Македонија”
Аплицирај за семинарот
Општи податоци
Локација: НБРМ (Конференциска сала, 9 кат)
Времетраење: 10:00 – 13:00 часот
Рок за пријавување: 16 мај 2018
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 1.500 МКД
Целна група
Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, истражувачи, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари, и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да се запознаат со вицегувернерот на Народната банка на Р. Македонија.
Содржина
МОДУЛ 1: Дали глобалната криза ги промени основните постулати врз кои се темели монетарната политика?
- Основни принципи на монетарната политика (цел/цели, стратегии и инструменти);
- Неконвенционални мерки за справување со неконвенционални економски услови.
МОДУЛ 2: Спроведувањето на монетарната политика од страна на НБРМ во последнава декада:
- цели, стратегија на таргетирање на номиналниот девизен курс, монетарни инструменти;
- спроведување монетарна политика и ефекти врз економијата;
- можни ефекти од новиот глобален циклус на пораст на каматните стапки.
МОДУЛ 3: Најнови макроекономски проекции на НБРМ за периодот 2018-2019 година:
- најнови макроекономски движења, промени во економијата и клучни претпоставки за проекциите; и
- среднорочни проекции за реалниот сектор (економски раст и инфлација), движења во платниот биланс и во монетарниот сектор (монетарни и кредитни агрегати).
Потврдување и јазик
На крајот од обуката секој слушател добива специјалистички сертификат под менторство на EBTN – Brussels.
Обуката се изведува на македонски јазик.
Предавач
д-р Анита Ангеловска Бежоска
Вицегувернер на Народната Банка на Република Македонија
Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на насоката маркетинг и надворешна трговија, дипломиран економист, добиено признание од Економскиот факултет за еден од тројцата најдобри студенти во генерација (просечен успех 9.4), каде подоцна завршува и магистерски студии на насоката финансиски менаџмент, магистер по економски науки, просечен успех на студиите 9.3.. Во 2015 год., ја брани својата докторска дисертација на Економскиот факултет во Љубљана, Словенија, на тема „Координација на монетарната и фискалната политика во Република Македонија“. Своето работно искуство го започнува како стручен соработник за финансискиот систем во Секторот за финансиски систем при Министерството за финансии на РМ во период од 1996 до 1999 година. Во 2000 год. е поставена за советник за подготовка и извршување на буџетот во Секторот за подготовка и извршување на буџетот при Министерството за финансии на РМ. Од 2000 год. до 2003 година, го води секторот Трезор во Министерството за финансии на РМ на работна позиција раководител. 2003 год. е поставена за државен секретар во Министерството за финансии на РМ која позиција ја има се до 2004. Од јули 2004 до септември 2004 год, раководител на секторот Трезор во Министерство за финансии на РМ. Од октомври 2004 год. до ноември 2006 год., има значаен ангажман во Меѓународниот монетарен фонд, Вашингтон, САД. Во Народната банка на Р. Македонија работи од септември 2004 год. до јули 2010 год., како главен економист. Од јули 2010 год., е избрана за вицегувернер во Народната банка на Република Македонија задолжен за областите монетарна политика, истражување и статистика. Во 2017 година и е продолжена работната позиција вицегувернер за уште еден мандат. Член на Советот на Народната банка на РМ е од мај 2012 година до денес.