10.10.2017

МОДУЛ 1

Најдобрите млади и идни банкари учат од м-р АНТОНИО АРГИР, Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Тема:
„МЕНАЏМЕНТ СО ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА“

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Локација: НБРМ (Конференциска сала, 9 кат)
Времетраење: 10:00 – 13:00 часот
Рок за пријавување: до 08 октомври 2017

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118

ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 1.500 МКД
За студенти цената е 1.200 МКД (20% попуст)

Полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.   

Цели


Запознавање на младите и потенцијални нови банкари, студенти и заинтересенти со практичните аспекти на работа која создала успех во НЛБ Банка АД Скопје, како и елаборирање на политиките кои таа ги спроведува. Понатаму, целта на обуката е да се запознаат слушателите со современите концепти на менаџирањето (случај на НЛБ Банка) од почетокот до денес.
Учесниците на крајот од обуката ќе се здобијат со практично искуство во водењето на една организација во фунција на продолжување на успехот на институцијата (улогата на Претседателот на Управниот Одбор). 

Целна група


Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, истражувачи, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да се запознаат со основите и принципите на работа на менаџментот на НЛБ Банка АД Скопје. 

Содржина


МОДУЛ 1: Успех од 30 години - случај на НЛБ (Тутунска) Банка
              - Менаџмент со визија за иднината
              - Менаџмент кој гради тим на вработени и дава доверба на нас вработените
              - Вработени кои се максимално посветени на заедничкиот успех

МОДУЛ 2: Личен успех и развој – „Која беше мојата патека на кариера?“
              - Да се почне од "нула" за секогаш да биде основата стабилна
              - Лична желба за успех и напорна работа
              - Работна средина и колеги кои несебично ве поддржуваат 

МОДУЛ 3: Улога на претседателот на УО во развој на нови банкари
              - Добриот менаџер како модел во функција на успехот на институцијата
              - НЛБ моделот за развој на млади таленти – менаџери, како шанса за младите и идни банкари  
              - Градење на синергија и стабилен тим од млади вработени преку давање доверба и одговорност
              - Поддршка во развојот на тимот и градење на идните лидери во банката
              - Давање на еднакви можности за сите вработени преку транспарентен систем на работа

Потврдување и јазик


На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката. 

Обуката се изведува на македонски јазик.    

Предавач


        

м-р Антонио Аргир
Претседател на Управен одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Во 2016 година магистрира на IEDC – Bled School of Management, Bled, Executive MBA Programme, а во 1999 година дипломира на Економски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, Макроекономија, финансии и банкарство.

Работно искуство: 17 години, во финансиската и банкарската област. Професионален ангажман:
- 2016–тековно, НЛБ Банка АД Скопје, Македонија, Претседател на УО;
- 2015 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Македонија, Член на УО;
- 2007–2015 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Македонија, Директор на Деловен сектор – Деловна мрежа;
- 2005–2007 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Македонија, Помошник директор на Деловен сектор – Деловна мрежа;
- 2003–2005 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Македонија, Раководител на експозитура, Експозитура Центар, Скопје;
- 2002–2003 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Македонија, В.Д. Раководител на експозитура, Експозитура ГТЦ, Скопје;
- 2002–2003 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Македонија, Раководител на Служба – Координатор на експозитури, Служба за експозитури и благајни;
- 1999–2001 година, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Македонија, Кредитен референт за долгорочни и инвестициони кредити, Служба за долгорочни и инвестициони кредити.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by