15.02 и 16.02.2017 

ПРИМЕНЕТИ КОРПОРАТИВНИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Датум на одржување: 15 и 16 февруари 2017
Локација: НБРМ (III кат)
Времетраење: 17:00 – 20:00 часот
Рок за пријавување: 14 февруари 2017

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118

Уплатата за учество на обуката е 5.900
За втор учесник од иста банка се доплаќа 70%. За трет учесник само половично или 50%.

НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.   

Цели


Главната цел на семинарот е да се презентираат информациските системи на мултидисциплинарно ниво кое ќе биде прифатливо за вработените во банките и други компании. Со овој пристап ќе се презентира управувањето на корпоративните податоци во информациските системи за учесниците од деловната страна. Во исто време, семинарот содржи примена на информатичките технологии што е атрактивно за учесниците кои ги развиваат и одржуваат тие системи. Ќе бидат разгледани инфраструктурните компоненти на информациските системи и нивна намена за зголемена ефикасност, функционалност и надградливост. Посебен акцент ќе се даде на организирањето и трансфромацијата на  корпоративните податоци во интелигентни информации користејќи деловна интелигенција како технологија за креирање на знаење за поддршка на стратешки одлуки. Ќе се разгледуваат примери на применети информациски системи во централната банка на РМ.

 

Целна група


Млади банкари, млади системски инженери, млади софтверски програмери, аналитичари на деловните процеси, аналитичари на ризици, директори и раководители, внатрешни ревизори.

Содржина


МОДУЛ 1: Управување со ИТ на стратегиско ниво, управување со ризици и усогласеност 

МОДУЛ 2: Инфраструктурни компоненти на корпоративните информациски системи

МОДУЛ 3: Сигурност на информациите со подетално претставување на доверливост и интегритет на податоците

МОДУЛ 4: Деловна интелигенција – како од  корпоративните податоци да креираме знаење кое помага во носењето на стратешки одлуки

Потврдување и јазик


На крајот од обуката секој слушател добива сертификат за учество.

Обуката се изведува на македонски  јазик

Предавачи


        

Д-р Снежана Черепналковска Дуковска

Одговорен внатрешен ревизор за информатичка технологија во Дирекција за внатрешна ревизија
Народна банка на Република Македонија


Д-р Тони Малиновски

Самостоен советник во Дирекција за информациска технологија
Народна банка на Република Македонија


Д-р Татјана Василева Стојановска

Советник програмер во Дирекција за информациска технологија
Народна банка на Република Македонија


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by