КПУ ПРОГРАМА | 2024
Академија за банкарство и информатичка технологија-АБИТ акредитирана институција за континуирано професионално усовршување на сметководители и овластени сметководители
Продолжуваме понатаму, Ве покануваме на еднодневната обука за КПУ која ќе се одржи во месец декември како дел од шестата тематска единиица за 2024 година 06/2024 со кои се обезбедуваат 8 часови КПУ согласно Законот за вршење на сметководствени работи.
Дата на оддржување: 13 декември 2024
Пристигање и регистрација: 09:00 - 09:30
Времетраење: 09:30 - 15:30
Број на КПУ: 8
Цена за учество: 2000 денари
Рок за регистрација: 11 Декември 2024 година (бројот на присутни е ограничен)
Рок за плаќање: 12 Декември 2024 година
Локација: АБИТ - Академија за банкарство и информатичка технологија / онлајн https://maps.app.goo.gl/V7uiVzBfspLL85DE9
Регистрација: https://forms.gle/Z2Gn2YbJEhkWDtou7
Едукатори: Ирена Ристеска и Ненад Фидановски
АГЕНДА
09:00-09:30 Пристигање и регистрација
09:30-12:20 Даноци и даночен систем
АКТУЕЛНИ ТЕМИ ОД ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ
ДДВ третман на услугите
- Правила и дефинирање на местото на промет на услугите според Законот за ДДВ и Правилникот за спроведување на Законот на ДДВ
- ДДВ третман на транспортни услуги и услуги на превоз на лица, согласно дефинираното место на промет на услугите
- ДДВ третман на услугите кон странски субјекти
- Странски лица во нашиот систем на ДДВ
АКТУЕЛНИ ТЕМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА
Плаќање на даночен долг од трето лице
- Законски основ
- Постапка за уплата на данок на личен доход (ДЛД) од страна на трето лице
- Постапка за уплата по МПИН, односно исплата на бруто плата од страна на трето лице
- Постапка за уплата данок од страна на трето лице во други случаи
- Уплата од страна на трето лице во случај кога УЈП спроведува присилна наплата на долгот кај даночниот обврзник
- Даночна импликација
Предавач: Ирена Ристеска
12:20-12:40 ПАУЗА
12:40-13:20 Даноци и даночен систем
АКТУЕЛНИ ТЕМИ ОД ДАНОКОТ НА ЛИЧЕН ДОХОД
Оданочување со Данок на доход на капитална добивка остварена од продажба на криптовалути
- Законски основ
- Дефинирање на продажна и набавна цена на крипотовалутите
- Пресметка на данок на доход
Предавач: Ирена Ристеска
13:20-15:30 Знаење и компатентност во областа на информатичката технологија
Софтвер - Можности за подобро работење
- Дали клиентите користат сопствен софтвер?
- Дали може да им понудите решение за подобро нивно работење?
- Како да ги намалите грешките при работење со софтвер?
Веб и маил - Присуство или непотребна можност
- Дали користите корпоративен емаил?
- Дали имате веб страна?
- Кои се предностите на веб страна и користење на корпоративен емаил?
- Дали може да заработите од вашата веб страна?
Безбедност - заштита на системи
- Алатки кои се користат за безбедност?
- Дали користите професионален софтвер?
- Дали антивирусните програми се доволни?
- Која е најдобрата безбедносна алатка?
- Дали ги препознавате фишинг емаил пораките?
- SSL Сертификат и како се добива?
- TLS Енкрипција и лажни понуди !
Предавач: Ненад Фидановски