22.04.2024

ОБРАБОТКА НА КОДЕКСОТ ЗА КОРПОРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ НА КОТИРАНИТЕ ДРУШТВА

Аплицирај за семинарот

Дата: 22.04.2024 година
Времетраење: 18:00 - 21:00 часот
Краен рок за пријавување: 19.04.2024 година

Цена за учество: 3.800 денари (за двајца пријавени од иста институција, следува попуст од 15%)

Краток опис:
Кодексот за корпоративно управување е во задолжителна примена од 2023 година за одредени компании кои котираат на Македонска берза АД Скопје. Берзата на крај на секоја календарска година согласно интерни правила одредува на кои компании ќе се променува кодексот односно кои акционерски друштва задолжително ќе мора да известуваат за примена на кодексот. Сите останати друштва можат да го применат истиот на доброволна основа. На предавањето ќе се обработат структурата на Кодексот, прашалниците кои се пополнуваат и позначајните новини споредбено со претходните барања на регулативата, како и дискусија за позначајните потешкотии во примената на правилата на добро корпоративно управување

Целна група:
Сите активни чинители вклучени во процесот на имплементација и известување за применување на Кодексот за корпоративно управување од финансиските институции и котираните друштва на Македонската берза, како и сите заинтересирани кои работат или сакаат да работат на оваа проблематика.

Сетификат:
На крајот од семинарот учесниците ќе добијат сертификат за учество.


Предавачи:


- Искра Ивановска Стојановска

самостоен советник, Дирекција за теренска супервизија во Нaродната банка


- Јасна Смилева

Вработена во Комисијата за хартии од вредност повеќе од 15 години и е активно вклучена во хармонизација на националното законодавство со правото на Европската унија особено во поглед на активностите поврзани со пазарот на капитал, корпоративното управување и транспарентност на учесниците на пазарите на капитал. 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by