31.03.2021

Портфолио менаџмент - Унапредување на портфолиото и Анализа на инвестицискиот процес

Аплицирај за семинарот Агенда на семинарот

Портфолио менаџмент - Унапредување на портфолиото и Анализа на инвестицискиот процес

 31.03.2021 година

 

Времетраење: 17:00 – 19:30 часот

Рок за пријавување: 29 Maрт 2021

Локација: Online, zoom app.

Уплатата за учество на семинарот: 2250 денари

КОНТАКТ ИНФО: +389 71 215 118; academic@abit.edu.mk

 

Академијата за банкарство и информатичка технологија | АБИТ Скопје во соработка со Комисија за хартии од вредност на РСМ организира еднодневен семинар на кој ќе се разработат следните теми:

 1. Деривативните финансиски инструменти и нивното влијание врз зголемувањето на перформансите на портфолиото.

2. Анализа на процесот на инвестирање во хартии од вредност и  актуелните состојби со портфолио менаџментот во РСМ

 

Цели

Презентација и дискусија на најзначајните прашања  за зголемување на перформансите на портфолиото. Влијанието на дериватните финансиски инструменти врз портфолиото. Истовремено семинарот би опфатил детална анализа на процесот на инвестирање во хартии од вредност како и претставување на актуелните состојби со портфолио менаџментот во земјата.

Целна група:

Сите заинтересирани лица, вработени во финансиски институции (банки, инвестициски фондови, пензиски фондови, брокерски куќи и осигурителни компании) и други заинтересирани лица за унапредување на своите вештини за разбирање и управување со портфолио и за индивидуален и за професионален клиент.

 

Предавач:

Боро Манушев CFA,

Самостоен портфолио менаџер

Боро Манушев е роден на 31 март 1984 година во Скопје. По завршување на додипломските студии на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, професионалната кариера ја започнува во Халкбанк АД Скопје во 2007 година, извршувајќи различни функции од доменот на Treasury, каде што се задржува сè до крајот на 2013 година. Последните седум години е вработен во Народна банка на Република Северна Македонија во Дирекција за финансиски пазари, каде што е одговорен за управување со портфолијата на девизни резерви.  

Во текот на работниот ангажман во Народната банка својата еспертиза ја надградува преку учество на голем број меѓународни семинари организирани од финансиски институции и деловни банки (The World Bank Treasury, BlackRock, UBS) како и централни банки (Banque de France) во доменот на управување со актива (asset management). Преку овие обуки се стекнува со практични вештини и компетенции, неопходни за квалитетно извршување на задачите поврзани со управувањето со девизните резерви.

Техниките за портфолио менаџмент дополнително ги усовршува во Вашингтон во 2018 година каде што посетува практична работа во World Bank Treasury. Почнувајќи од 2019 година, е ангажиран како едукатор од страна на Комисијата за хартии од вредност во обуката за инвестиционо советување.

Покрај учеството на бројни семинари, професионалната надградба во својата кариера ја остварува и преку стекнување на стручни сертификати како што се ACI Dealing Certificate и ACI Settlement Certificate, додека во 2018 година се стекнува и со престижниот меѓународен сертификат - Certified Financial Analyst (CFA).

 

Потврдување и јазик:

На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.

Обуката се изведува на македонски јазик

 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by