10.12.2020

3та конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Влијанието на Ковид - 19 врз напорите од страна на Владата и приватниот сектор во борбата против перење на пари и финансирање на тероризам

Аплицирај за семинарот Агенда на семинарот

Општи податоци:
Online (by Zoom app.)
Времетраење: 13:00 – 15:30 часот
Рок за пријавување: до 8 декември, 2020

КОНТАКТ ИНФО: +389 71 215 118; v.gavriloska@ibmhs.eu

ЦЕНА:
Регуларна цена за конференцијата по тарифник на АБИТ: 5.900 МКД

 Уплатата на партиципација за Online учество: 900 МКД
 За пријава на два учесници од иста компанија: 1.200 МКД
 За пријава на трет учесник од иста компанија не се наплаќа котизација.

НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизацијата, и тоа:
 Уплатата на партиципација за Online учество: 450 МКД
 За пријава на два учесници од иста компанија: 600 МКД
 За пријава на трет учесник од иста компанија не се наплаќа котизација.

Цели
Главната цел на оваа меѓународна конференција е да ги запознае учесниците со влијанието на Ковид-19 врз напорите од страна на Владата и приватниот сектор во борбата против перење на пари и финансирање на тероризам, трендовите на развојот на глобалната финансиска регулација, поврзаноста помеѓу усогласеноста и AML и CFT. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најдобрите меѓународни практики во согласност со барањата на локално ниво, идентификување на високоризични клиенти и правилно следење и откривање на сомнителни трансакции.

Целна група
Конференцијата е наменета за сите институции: банки, осигурителни компании, приватни и јавни претпријатија и организации кои директно или индиректно работат со хармонизирани операции и сите заинтересирани страни кои имаат или сакаат да ја воспостават функцијата Copliance. Особено за средно до високи офицери на AML, CFT и Compliance во банки и финансиски институции, супервизори, внатрешни ревизори, раководители на филијали, специјалисти од високо ниво.

Агенда за настанот

Настанот ќе го отвори членот на управата на германскиот институт Хајделберг во Скопје и професор на престижниот Универзитет „Франкфурт школа за финансии и менаџмент“, проф. д-р Роналд Глеич (С.Р. Германија) и
Директорот на здружението на банки на Франција, Г-дин Рене Десбиол.

 Со свој поздравен говор ќе присуствуваат :

- Љупчо Николовски, заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси во Владата на Република Северна Македонија;
- Викторија Глигорова, Генералната директорка на Секторот за супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија;


Предавачи:

- Мириаси Тоуч, од Здружението на банки на Франција (Франција)

- Виктор Димовски , директор на Агенција за национална безбедност на РСМ;

Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција на РСМ; 

Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање на Р.С.М.

- м-р Маја Андреевска Блажевска, NBG Bank Malta Ltd (Малта)

- Проф. д-р Злате Димовски, Факултет за безбедност на РМ

- Доц. д-р Ивица Симоновски, Управата за финансиско разузнавање на Р.С.М.

- м-р Глигор Пандиловски, Стопанска банка АД Скопје и Претседател на Комисијата за спречување на перење пари и усогласеност со прописи во Македонска Банкарска Асоцијација

- Д-р Искра Ивановска Стојановска, долгогодишен експерт во супервизија и регулатива (НБРСМ);

Потврдување и јазик:
На крајот на конференцијта секој учесник добива сертификат за учество на истата.
Конференцијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by