04.11.2016

COMPLIANCE & WHISTLEBLOWING ВО ИНСТИТУЦИИТЕ

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Локација: АБИТ (Конгресна сала II кат)
Времетраење: 09:00 – 17:00 часот
Рок за пријавување: 03 ноември 2016

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118

ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 5.900
За втор учесник од иста банка, се доплаќа 70%. За трет учесник само половично или 50%.

НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.   

Цели


Главната цел на семинарот е учесниците да се запознаат со основите на Compliance, одговорностите, правата, обврските и да ги идентификуваат compliance ризиците, да ја детерминираат основната рамка на воспоставување на оваа функција во рамките на организацијата во која работат, како и да се запознаат со начитот на организација и управување со функцијата compliance. Слушателите ќе имаат можност теоретски и практично да се запознаат со Законот за заштита на укажувачите и останатата релевантна законска и подзаконска регулатива од значење за работењето на Compliance Officer.

Целна група


Семинарот е наменет за сите институции: банки, осигурителни компании, приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење и сите заинтересирани кои ја имаат или сакаат да ја воспостават оваа функција и кои сакаат да ги регулираат своите обврски согласно Законот за заштита на укажувачи.

Содржина


МОДУЛ 1: Основи на Compliance 

Предавач: Маја Андреевска-Блажевска

МОДУЛ 2: Профили на Compliance

Предавачи: Maja Андреевска-Блажевска; Игор Митровски

МОДУЛ 3: Воспоставување на Compliance функцијата во институциите

Предавач: Маја Андреевска-Блажевска

МОДУЛ 4: Работа во групи – решавање на  case од Whistle blowing  

Предавач: Игор Митровски

МОДУЛ 5: Whistleblowing (укажувачи)

Предачач: Маја Андреевска-Блажевска

МОДУЛ 6: Whistle blowing

Предавач: Игор Митровски

МОДУЛ 7: Закон за заштита на укажувачите и релевантна законска регулатива 

Предавачи: Маја Андреевска-Блажевска и Игор Митровски

 

Потврдување и јазик


На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат под менторство на EBTN – Brussels.

Обуката се изведува на македонски јазик.

Предавачи


        

M-р Маја Андреевска-Блажевска, CCO, CAMO

Директор на Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите
Стопанска Банка АД Скопје


Игор Митровски

Раководител на Служба за усогласување со прописите и информативна сигурност
НЛБ Банка АД Скопје


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by