Едногодишна сертификациона програма за банкарска специјализација.
Програмата е акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија и изработена во соработка со EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел.
На крајот добивате:
- 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ - континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
- Специјалистички сертификат - Диплома за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
- Можност за трансферни ЕКТС (кредити) на формални образовни установи
Програмата се одвива врз база на серија предавања од областа на Усогласеноста (Compliance) со презентација на стручна литература и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на програмата ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите од овој основен модул преку тестови и изработка на проекти – т.н. Студии на случај (Case studies) од страна на слушателите. Програмата ќе обезбеди определување на терминот усогласеност („Compliance“) и службеник на усогласеност („Compliance Officer“), идентификување на основната улога на оваа професија во институциите, идентификување на основниот ГАП (GAP) меѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди. Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните професионалци со цел усогласување со барањата на домашната и на странската регулатива. Целна група: вработени во банките и финансиските институции, како и во останатите приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење (ново), вработени во одделите за усогласување, директори/раководители на сектори/ филијали, членови на повисок менаџмент.

Напомена


Уписен рок: до 15 јануари 2019 година

Информации


Вкупен фонд на часови:  
Времетраење: 1 година
Почеток на предавања НОВИ групи: февруари 2019 година
Место: АБИТ (Ул. „Орце Николов“ бр. 75, зграда на Македонска берза 1-ви кат)
Динамика на обуката: два пати неделно (вторник и четврток во 17:00 часот)

Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација

exam feeCCS 1CCS 2CCS 3
30 EUR 390 EUR - 24.063 МКД 480 EUR - 29.616 МКД 480 EUR - 29.616 МКД

Можности за кредитирање до 72 рати, за слушатели кои сами плаќаат за обуката!

Потрошувачките кредити се најкористен начин за купување на рати кога клиентите немаат кредитна картичка. Со овој начин може да се плати било која обука во АБИТ. Основен услов за потрошувачки кредит од било која банка е да сте вработен и да земате редовен личен доход. Може да аплицирате за кредит преку банките-членки на АБИТ.

 

ABIT интервју Маја Андреевска

 

ABIT интервју Олгица Спасевска 

 

ABIT интервју Фросина Целеска


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by