Криптовалута – злато на интернет

Статија во „е-Банкар“ број 9

Проф. д-р Зоран Колев

ТТК Банка АД Скопје

Што е криптовалута?

Криптовалута – злато на интернет.

Сериски број без хартија ставена во блокчејн.

Криптовалутата е дигитална или виртуелна валута што ја користи криптографијата за безбедност. Криптовалутата тешко се фалсификува. Дефинирачка карактеристика на криптовалутата е неговата органска природа,таа не е издадена од страна на централната власт, со што стануваат теоретски имуни на мешање или манипулација.

Криптовалутата е чисто дигитален производ, каде што нема ниту банкнота, ниту монета. Покрај тоа, криптовалутата нема своја употребна вредност, ниту, пак, внатрешна вредност. Оваа вредност исклучиво се зголемува преку прифаќање на криптовалутата од страна на трговците(однос помеѓу купувачот и продавачот).

Движењето на пари се спроведува преку интернет, користејќи специјална „peer to peer“апликација. Со тоа веќе не е потребна институција за клиринг како кај конвенционалното банкарство. Вредноста на криптовалутата варира. Понудата и побарувачката ја одредува цената. Сопствениците на криптовалутата своите средства ги чуваат во т.н. дигитални паричници

Видови криптовалути

Криптовалутите, во основата, можат да се поделат во две основни групи: централизирани и децентрализирани. И едните и другите имаат одредени предности, односно слабости, но тоа главно зависи од намената за која се користат

Децентрализирани криптовалути

Децентрализираните криптовалути настанале со појавата на биткоинот во јануари 2009 година. Тоа е криптовалута каде што сѐ се одвива преку „Блокчејн“ (Blockchain) (што, во суштината, е заедничко за сите криптовалути), но не постои единствен систем под чијашто надлежност се одвива целокупната активност. Овде сите корисници ја користат моќта на процесорот на своите компјутери за да ја произведуваат оваа валута штосе чува или на хард дискот на корисниците или во дигиталните паричници.Карактеристично за овој вид криптовалута е штосите трансакции се анонимни – иако се гледа дека трансакцијата е направена, не се знаат корисниците на тие паричници, нешто што во многу земји направило огромни проблеми во поглед на легалноста.

Друг проблем на оваа криптовалута е безбедноста. Таа не се потпира на централен систем, туку на персоналните компјутери и нивната сигурност штое на многу ниско ниво. На хакерите доволно им е да ги хакираат компјутерите на корисниците за да им ги украдат сите коини.

Трет и еднакво голем проблем е тоа што децентрализираните криптовалути немаат никаков менаџмент – во основата, тие се потпираат на интернет-заедницата на маркет мејкери и ентузијасти, за да се развијат

Централизирани криптовалути

Станува збор за втора генерација криптовалути.Се одликува со централизиран систем штосè држи под контрола – од сигурност, преку транспарентност, па сèдо крајна употребливост. Исто така, имаат и стручен менаџмент штоактивно работи на нивниот развој и употребливоста.

Овде ситуацијата е спротивна во однос на децентрализираните криптовалути: точно се знае кои се сопственици на дигиталните паричници, сите трансакции се транспарентни и можатда се следат(со тоа и да платат данок), сигурноста е на завидно ниво и многу е тешко да се хакираат – дури и да се успее во тоа, коините не можат да го напуштат тој систем и лесно можат да се вратат на нивните сопственици. Централизираните криптовалути, во последно време, се под жесток напад од повеќе страни. Прво, од страна на старомодните криптовалуташиштознаат дека успехот на централизираните криптовалути,во основата, ќе ги уништат старите криптовалути и од страна на системите за трансфер на пари, бидејќи со текот на времето ќе им одземат огромен дел од пазарниот удел и многу денешни гиганти (како „Вестерн јунион“, „Мани грим“ и др.) веројатно ќе одат во заборав, во историјата.

На крајот, да повториме уште еднаш:

Криптовалутите претставуваат:

  • Слободни пари!;
  • Виртуелна валута;
  • Peer-to-Peer (P2P) конекција (размената на пари функционира од компјутер на компјутер без потреба од каква било институција);
  • Анонимни;
  • Нема курсна разлика;
  • Нема централна банка, па поради тоа не може да се влијае на валутата;
  • Не се зависни ниту од еврото ниту од доларот;
  • Можатда се искористат ценовните флуктуации (случај со сите валути);
  • Секој може да купи, да продаде и да плати со крипто-валута;
  • Сигурниот начин на плаќање се должи на екстремно јакиот метод на енкрипција;
  • Нема земја штостои зад оваа валута – па така е ослободена од државно влијание;
  • Оваа валута не може да биде „злоупотребена“за политички цели;
  • Исто како што има различни валути во светот, така има и различни крипто-валути;
  • Не е можна кражба, поради тоа што немаме физичко складирање. Доволен е компјутер. Со оглед на тоа што оваа валута се генерира рандом, не може лесно да се „симне“ (нема кражба на податоци);
  • Трансферот се реализира за неколку секунди, 24/7. Нема празници, нема викенди;
  • Зад криптовалутите стои крипто-код, поради тоа е ограничена нивната понуда. Не е лесно повторно да се отпечати, како кај хартиените пари. Поради тоа не се предмет на инфлација. Има ограничена достапност, исто како златото и среброто. Затоа штопонудата и побарувачката ја одредува цената на валутата, се очекува пораст на нејзината вредност

Ризици на крипто-валутата се:

  • Перформансите зависат од понудата и побарувачката;
  • Флуктуација на цената;
  • Нема фиксирано курс;
  • Сигурност на лозинката(можни се копии/слики од екранот на заднината);
  • Доколку нешто негативно се случи, нема кој да се преземе одговорност (ова особено се однесува на децентрализираните криптовалути).

Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by