CERTIFIED PROJECT MANAGER® 

                 (WF & AG)

Аплицирај Агенда на семинарот

Сертификациона програма за ИТ специјализација

Обуката опфаќа интеграција на двата познати концепти за управување со проекти, секвенцијално и агилно. Концептот на секвенцијално управување со проекти ќе биде разработен во првиот дел од курсот, кој е прифатен и лесно прилагоден во процесите кои комуницираат помеѓу организационите единици во компанијата. Во продолжение,  курсот ќе го обработи агилниот концепт на управување со проекти каде студентите ќе се запознаат со терминологијата и техниките кои се користат при овој концепт. Интеграцијата на овие два концепти ќе се обработува преку воведување на ново, флексибилно управување со проекти, подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на проектот. Основната цел на обуката е да обезбеди подобро разбирањенза двата концепти за управување со проекти, подобра примена во пракса и повисоко ниво на управување во зависност од типот на проектот. Обуката е предвидено да се спроведе во две нивоа. Во рамките на првото ниво ќе бидат опфатени секвенцијалното и агилното управување со проекти, презентирани на теоретски начин и основна примена. Во рамките на второто ниво на обуката ќе бидат опфатени техники за управување со проекти и воведување на нови ефикасни контролни точки корисни за раководителот на проектот и адекватни алатки. Обуката покрај теоретскиот дел содржи практични вежби кои ќе се дискутираат и групно ќе се оценуваат. Обуката ќе ја спроведат лица со богато искуство како раководители на проекти кои поседуваат меѓународни сертификати. Учесниците на оваа обука ќе имаат можност за работа во групи , каде ќе ги делат своите искуства, покажувајќи лична вештина и креативност за избор на соодветни решенија на различни ситуации од праксата. По завршување на секое ниво, ќе се спроведе тестирање во форма на практично управување на проект поврзано со темите опфатени со соодветното ниво на курсот.                                                                                                        Целна група: вработени лица со работно искуство, кои се назначени како раководители на проекти или членови на тимови, како и студенти кои се подготвуваат или имаат интерес за работа на проекти.

Напомена


Уписен рок:  од 01 декември 2019 година - до 10 февруари 2020 година

Информации


Вкупен фонд на часови: 66 часови
Времетраење:  
Почеток на предавања НОВИ групи: февруари 2020 година

Место: АБИТ (Ул. „Орце Николов“ бр. 75 зграда на Македонска берза 1-ви кат)
Динамика на обуката: два пати неделно 

Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација

exam fee               CPM1         CPM2
30 EUR 290 EUR- 17.893 МКД 390 EUR- 24.063 МКД
невработени и студенти 20%
232 EUR - 14.314 МКД
невработени и студенти 20%
312 EUR - 19.250 МКД

Раководител на обуката

Д-р Снежана Черепналковска Дуковска

https://www.linkedin.com/in/snezanacd/

https://www.researchgate.net/profile/Snezana_Cerepnalkovska_Dukovska/research

 

Снежана Черепналковска Дуковска работи како внатрешен ревизор во Народната банка на Република Македонија со специјалност во областа на информатичките технологии. Претходното искуство го има како програмер на софтвер во Народната банка, а како најзначајни проекти во овој период ги истакнува Електронскиот систем за пазарни операциии Кредитниотрегистар.Други значајни софтверски проекти изработени претходно во приватниот сектор се протоколите за програмабилни контролери кои  ги има имплементирано во системи за визуелизација и контрола на неколку индустриски процеси.

Магистирала на Факултетот за електротехника и информатички технологии на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во областа на системско инженерство и докторирала на Факултетот за современи науки и технологии на Универзитетот на Југоисточна Европа во областа на вештачка интелигенција.

Посетила повеќе работилници и семинари во Централните банки на Холандија, Германија, Романија и Италија, Центарот за обука во Љубљана, како и во организација на Народната банка на РМ.

Поседува меѓународен сертификат за ревизија на информациски системи (CISA, ISACA)и меѓународен сертификат за информациска сигурност ISO 27001LA. Членува во еден национален и два меѓународни професионални институти. Активно применува најдобри практики и стандарди како критериуми во професионалното работење, рамките IPPF, COSO, CobiT, CSX, Prince2, PMBOK.

Предавач на обуката: 

Виолета Велевска

https://www.linkedin.com/in/violeta-velevska-6b3703/

Виолета Велевска е искусен ИТ професионалец, со повеќе од 25 години работно искуство во доменот на Информатичките технологии. Во последно време се фокусира на агилното водење на проекти и работи како Scrum Master и QA специјалист. Претходно работела на различни позиции почнувајќи од програмер на софтвер, апликативен консултант, консултант за имплементација на документ менаџмент и бизнис процес менаџмент. Потоа долги години работи како CTO и COO.

Позначајни проекти на кои работела се развој и имплементација на Медициски информационен систем за Клинички Центар, Имплементација на Документ менаџмент систем и Бизнис процес менаџмент систем во ЗОИЛ Македонија, ДДОР Нови Сад, Електронски Кредит Трансфер Систем, Имплементација на ЕРП решенија за големи клиенти, имплементација на ISO9001, ISO2000 и ISO27000. Вршела функција на ISMS офицер.

Посетувала многу работилници и обуки, но и држела презентации на конференции во доменот на експертизите.

Поседува сертифкати за ITIL3, Product Owner (SCRUM.ORG), Проектен Менаџмент, како и бројни технолошки сертификати.

 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by