ТРИ ГОДИНИ – АКАДЕМИЈА ЗА БАНКАРСТВО И ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА

Благодарност до сите Комерцијални банки од монетраниот систем на Република Македонија, НБРМ и сите останати финансиски и стопански субјекти, наши поддржувачи


Денес, монетрано – кредитната политика е единствената светлина во мракот. Ние изминатите три години бевме промотор на квалитетите и ја истакнувавме таа светлина насекаде каде одевме надвор во ЕУ и САД. Така и ќе остане! Беше „пеколно“ тешко сите овие години, но успеавме. Резултатот е следен:  

  •   500 слушатели на семинари;
  •   100 студенти (слушатели) на 7-те специјализации кои се акредитирани и конструирани согласно ЕУ стандрдите за специјлистичко образование;
  •   72 организирани семинари;
  •   50 предавачи - свои брендови на домашни експерти од: НБРМ, комерцијалните банки и корпорациите во РМ;
  •   40 потпишани меѓународни партнерства;

Она што го прави АБИТ различен од сите останати формални и неформални образовни субјекти, дома и во регионот, е содржано во нашето мото:

„ОД ПРАКТИКА ЗА ПРАКТИКА“.

Имено, на нашите специјализации и семинари важи правилото за учество само на истакнати ексерти со:

-          најмалку 10 годишно искуство и
-          висока позиција во банкарството или носители на најмалку II циклус образование,

можат да бидат дел од портфолиото предавачи.

Исто така, вредноста на АБИТ ја прави објективната и независна евалуација на тестовите од слушателите (согласно Европската тернинг асоцијација EBTN, во состав на Европската банкарска федерација), после секое ниво на изучување на материјалите. Имено, за предавачите на студиите не е дозволено да бидат евалуатори. Според тоа, на 7-те сертификациони едногодишни програми за финансии во согласност со внатрешните регулативи на АБИТ и стандардите на Европската тернинг асоцијација од Брисел, за успешно да се помине едно ниво задолжително се потребни најмалку 70% од вкупните поени. Тестовите се нумерирани – анонимни и се евалуираат врз основа на три скалила на евалуатори, одредени од ЦСК (Централната Сертификациона Комисија), и тоа: прво скалило на евалуатори - експерти од банки со најмалку 10 г. работно искуство и завршени III циклус студии, второ скалило на евалуатори - Универзитетски професори на прворангираниот Универзитет – УКИМ, и трето скалило на евалуатори (највисоко и најбитно)- од НБРМ супервизија. Само кандидатите кои имаат идентичен број на поени од евалуаторите од 3-те скалила се сметаат за успешно положени и одат понатаму до конечно стекнување на Диплома-Сертификат.

Ви благодариме за довербата!

Со почит,

АБИТ тим


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by