14.09.2014
АБИТ АНАЛИЗА: СОВРЕМЕНОТО БАНКАРСТВО ДЕНЕС
Во теоријата и праксата денес, постои консензус околу тврдењата дека банката како финансиска иституција претставува специфичен тип на организација чија оперативна дејност на работењето се парите.
Во контекст на тоа, нашиот член на Академскиот Совет, Проф. д-р Арсовски Драгољуб во неговото истажување вели: “Банката претставува специфичен вид на претпријатие, најчесто органзиирано како акционерско друштво, кое се занимава со специфичната стока наречена пари”.
Денес, во услови на совршена конкуренција и капиталистичко уредување, дејноста на банката не се врзува исклучиво за парите, туку за целокупната нејзина актива и тоа особено онаа актива која е најважна за нејзината успешност и профитабилност во работата. Во оваа насока оди и истажувањето на Wills John, кој меѓу другото вели: “најважната активност на банката не се парите во трезорот, туку довербата на клиентите во неа. Таа доверба е резултат на долгогодишен труд и совесна работа на банката со клиентите. За да се изгради таа пособена врска со клиентите, на банката и се потребни дополнителни сили, со кои ќе се влијае врз клиентот, за тој да побара од банката и други дополнителни услуги…”
Понатаму во истражувањето, авторот Wills John укажува на тоа дека парите секојденевно и многу лесно влегуваат и излегуваат во финансиските извештаи на комерцијалните банки. Меѓутоа, тука се поставува следново прашање:
Дали парите се основна и единиствена активност на комерцијалните банки?
Имено, во функција на погоре поставеното прашање се констатира дека изградбата на довербата во банката и нејзината чесност кон коминтентите е работа која многу долго трае и која тешко се стекнува, но и која може многу брзо да се изгуби. Според тоа, комитенти од кои банката добива повеќе од една просечна печалба, вообичаено сакаат за себе да извлечат од банката и дополнителна гаранција или сигурност.
Затоа велиме дека современото банкарство денес, во услови на совршена конкуренција и капиталистички поредок, како главна и единствена цел за себе си поставува, да овозможи долгорочна довербата и сигурноста за своите комитенти, наспроти, сега веќе “застарената” цел на секој менаџмент – максимизација на профитот. Во контекст на ова, ние од АБИТ би доаделе: се работи за т.н. тродимензионална слика или трите координативни оски на кои почива модерното банкарство, и тоа:
(1) ОСКА НА ВИСОЧИНАТА, која означува стабилност, перспектива и функционалност во работењето на банката (стратешки оценки);
(2) ОСКА НА ШИРОЧИНАТА, која означува ширина на знаењето на управување со средствата и фондовите на банката; и
(3) ОСКА НА ДЛАБОЧИНАТА, на знаењето или анализа на работењето на банката.