14.09.2014

АБИТ АНАЛИЗА: УСПЕШНОСТА И ПРОФИТАБИЛНОСТА НА КОМЕРЦИЈАЛНИТЕ БАНКИ


Во изминативе неколку години, развојот на банкарскиот систем во Република Македонија бележи значителен прогрес. Сепак, не треба да заборавиме дека живееме во година на економска криза, односно година исполнета со многу неизвесности. 

После низа години на светски економски подем, висока доверба, изобилство од ликвидност и ниски каматни стапки, комерцијалните банки, во 2008 година се соочија со најжестоката финансиска и економска криза досега. Целосната нарушена доверба на финансиските пазари, зголемената перцепција на ризиците од страна на комерцијалните банки и инвеститорите, што се преслика во повисоки каматни стапки, доведе до силни рестрикции на понудата на капитал.
 

Оттука, успешноста и профитабилноста на секоја комерцијална банка претставува мошне важно прашање кое го привлекува вниманието на банкарскиот менаџмент.
Успешноста и профитабилноста на комерцијалните банки подразбира стабилен раст и развој, односно конципирање на стратегија за развој во која меѓу другото се диференцираат слединиве цели: максимизирање на профитот и зголемување на вредноста на банката.

Првата цел, односно максимизирање на профитот, се остварува преку инвестирање на расположливите средстава во пласмани кои ќе обезбедат највисоки приходи. Тоа подразбира на страната на пасивата да се мобилизира секогаш повеќе долгорочни извори на финансирање, додека краткорочните кредитни пласмани во активата да бидат поголеми од краткорочните депозити во пасивата на банката. Заклучокот е јасен. Иако имаме пласмани (имобилизирани средства) кои не одговараат на депозитните прибирања на банката, таа нема да стане неликвидна се до оној момент додека не ги исцрпи ликвидните резерви кои се добиени од разликата помеѓу поголемите долгорочни депозити и долгорочните кредитни пласмани.
Во однос на втората цел, зголемувањето на вредноста на банката, треба да се има предвид дека големината на банката повеќе не претставува критериум за успешноста на банката, туку главен критериум денес е нејзината вредност на пазарот на капитал (берза).

Во контекст на ова, ние од АБИТ даваме во прилог Табела 1, во која се прикажани показателите за профитабилноста и ефикасноста во работењето на македонскиот банкарскиот систем по групи банки (компаративна анализа 2012 / 2013).

Од табелата, може да се заклучи дека согласно повеќето показатели (коефициенти), банакарскиот систем во Република Македонија во 2013 година е во идентична или може да се рече во подобра кондиција од минатата година. Секако, тоа се должи на стабилната монетарна политика во континуитет на НБРМ, во текот на изминативе години.

 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by