Сертификациона програма за финансиска специјализација
Програмата е во соработка со германската високообразовна установа | Institut for Business & Managament Heidelberg – Skopje и FORUM Institute for Management. GmbH од Хајделберг ( С.Р. Германија). На крајот, секој слушател добива меѓународен сертификат за сметководствен специјалист потпишан од претседателот на германскиот институт, проф. д-р Улрих Зеител и АБИТ. FORUM Intitut fur Management, e формиран во 1979 година во Хајделберг (Германија) како дел од меѓународната група за стручно специјалистичко образование. Повеќе од 300.000 слушатели (професионални вработени) имаат учествувано на стручните обуки и настани на FORUM Institut од сите Европски земји. Профил на Институтот: -110 вработени -14.5 милиони ЕУР годишен обрт -1.500 настани годишно -4.500 семинари годишно -20.000 учесници -Корпоративни партнери во: Италија, Јордан и Шпанија -Дел од групацијата на високообразовната установа ХАЈДЕЛБЕРГ со седиште во Скопје (Македонија)
https://www.forum-institut.com/about-us1 Програмата е под менторство на EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел.
Напомена: АБИТ се стекна со акредитација за вршење на континуирано професионално усовршување (КПУ) на сметководители и овластени сметководители кое се спроведува согласно Законот за вршење на сметководствени работи. Со тоа, Академијата АБИТ врши евидентирање на сите часови што ќе ги поминете на КПУ во ИСОС со точни списоци, со цел потврда на Вашата посета.
На крајот на специјализацијата добивате:
* Германска диплома за специјалистички обуки од FORUM Institute for Management, GmbH од Хајделберг (С.Р. Германија) и висообразовната установа Institute for Business & Management HEIDELBERG – Skopje;
*Специјалистички сертификат – диплома за (ниво 1 и 2) завршено неформално стручно едногодишно образование согласно:
- Европска рамка за квалификации;
- European Credit points for Vocational Education and Training – Европски кредит поени за стручно образование и наука (ECVET);
- European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
* можност за 18 трансферни ЕКТС (кредити) за MBA студии по Controlling & Finance. http://ibmhs.eu/mba-finance-controlling/
* 32 часа / бодови КПУ (Согласно Законот за вршење на сметководствени работи член 19, сметководителите се должни да посетат обука за КПУ од најмалку 90 часа за период од три години, при што најмалку 24 часа во текот на една година, а овластените сметководители се должни да посетат обука за континуирано професионално усовршување од најмалку 120 часа за период од три години, при што најмалку 32 часа во текот на една година.)
Напомена
Уписен рок: во тек
Информации
Вкупен фонд на часови: 80
Времетраење: 6 месеци
Почеток на предавања НОВИ групи: ноември 2023 година
Локации за настава: АБИТ (бул. „3та Македонска бригада“ бр. 1) со можност за следење онлајн
Динамика на обуката: Level 1&2: еднаш неделно / Level 3: 5 дена во Германија/он-лајн
Цена: 740 евра со можност за плаќање на рати
ЗА УПИСИ ДО 20.10.2023 ГОДИНА СЛЕДУВА СТИПЕНДИЈА ОД 10.000 ДЕНАРИ
Модул 1
1. Вовед во сметководство; Биланс на состојба и Биланс на упех
2. Сметководство на обртни средства
3. Евиденција на залихи; Примена на сметките АВР-ПВР
4. Данок на додадена вредност
5. Евиденција на трговски стоки; Продажба на стоки преку трговија на мало; Извоз и увоз на стоки
6. Сметководство на трошоци; Распоред на трошоци
7. Нематеријални трошоци од работењето
8. Амортизација
9. Плати и надоместоци од плати
10. Сметководство на капиталот, Сметководство на приходи и расходи
11. Сметководствена постапка при утврдување на финансискиот резултат
12. Сметководство на производството
Модул 2
1. Финансиско сметководство според МСФИ/МСС со практични примери од класа 0 до класа 9 (вовед)
2. Специфичности кај друштва кои вршат производна дејност согласно МСС 2; Пресметка и книжења на производството
3. Искажување на залихите на недовршено и довршено производство во финанскиот извештај - Биланс на состојба
4. Изготвување на пресметка на производството; Пресметка и книжење на довршено производство;
5. Практична работа базирана врз производна компанија од праксата
6. Анализа на финансиски извештаи (Пресметка на показатели на ликвидност, солвентност, деловна активност, профитабилност; Практичен пример за изработка на финансиска анализа)
7. Менаџерско сметководство (Анализа на трошоците; Трошоци по пат на одговор на обемот на работа (фиксни и варијабилни); Маргинални трошоци; ABC метод и метод JIT; Буџетирање; Анализа на цените Практична анализа на влијанието на трошоците и цените врз финансиските резултати; Влијание на трошоците и цените врз финансискиот резултат; Утврдување на рентабилност)
8. Данок на додадена вредноcт – ДДВ/ Данок на добивка
9. Пресметка на персонален данок по разни основи / Плати, придонеси и надоместоци од плати
10. Сметководство кај буџетските корисници
ABIT интервју Prof Dr Ulrich Zeitel