14.09.2014

АБИТ – ГОЛЕМА ГОРДОСТ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


 

 

(АБИТ) Академијата за банкарство и информатчка технологија – Скопје, Ве информира дека Бордот на директори на European Banking & Financial Services Training Association од Брисел, на одржаната седница во Дабилн (Ирска) на ден 25.04.2014 година, донесе позитивна препорака за влез на „Академијата за банкарство и информатчка технологија“ – Скопје, како придружна членка на истата.

Имено, официјалната промоција за придужен член на European Banking & Financial Services Training Association од Брисел, нашата Академијаја доби со едногласна одлука и јавно гласање на сите 26 полноправни и 16-те придружни членки. Во таа функција, раководстото на АБИТ имаше и свое официјално ораќање пред Генералното Собрание на EBTN (Annual General Meeting of Members & Membership Meeting) на 27 Јуни во Хелсинки (Финска), како и запознавање на сите членови соакадемскиот профил.

 

Со тоа, Академијата за банкарство и информатчка технологија – Скопје е првата едукативна организиација од Република Македонија која станала членка на една европска асоцијација за банкарство, како што е European Banking & Financial Services Training Association од Брисел за давање на специјалзизарани семинари и сертификација на ниво на Европската Унија.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by