17.09.2014

ПРВ РАБОТЕН СОСТАНОК НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА АБИТ


 

 

Во просториите на Комерцијална Банка АД Скопје, на ден 16.09.2014 година во 10:00 часот, се одржа првиот работен состанок на Управниот одбор на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), во состав: Проф. д-р Фадиљ Бајрами, Проф. д-р Билјана Ангелова, Проф. д-р Евица Делова Јолевска, Д-р Маја Стевкова Штериева, Диомидис Николетопулос, М-р Тони Стојановски, Николче Петковски, М-р Драги Тасевски, Нталија Алексова, М-р Милена Перчинкова, М-р Бесим Билали, М-р Владимир Ефтимовски, Ангела Ристова, М-р Сашо Димитријоски, Д-р Нина Фити Неделковаи Доц. д-р Синиша Наумоски.

 

 

Имено, седницата ја отвори Претседателот на одборот д-р Маја Стевкова Штериева, со свое кратко обраќање и давање предлог за дневниот ред, на кој, како прва точка беше дискутиран деловникот за работа. Во понатамошниот тек на состанокот, беа врачени Одлуките за избор на членови на УО на АБИТ и Потврдите за членство на банките кои веќе го потпишаа Договорот или веќе имаат донесено позитивни одлука на нивните УО. Повеќето од присутните се произнесуваа по основ на значајни точки за досегашното и идното финансиско делување на академијата, и за таа цел, од страна на Извршниот директор, беа презентирани финансиските показатели за идниот период, поточно во академската 2014/2015 година. На крајот, беа објавени и резултати од направениот избор по основ на претходна евалуација на банките, во делот на специјалистички семинари, така што, се констатираше дека Академскиот совет може да се состане веднаш и таквите резултати од евалуацијата да ги официјализира во програмата за работа на АБИТ 2014/2015 и истите да ги објави на веб и социјалните медиуми.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by