16.01.2015
GENERAL ASSEMBLY IN EBTN MEMBERSHIP
09/01/2015, Франкфурт (Република Германија)
General Assembly in EBTN MEMBERSHIP MEETING
(Frankfurt School of Finance & Management)
На 09 Јануари, 2015 година во конгресната сала на „Frankfurt School of Finance & Management (Bankakademie | HfB)“ беше одржано Генералното собрание на земјите челнки на European Banking and Financial Services Training Association(EBTN) Brussels.
Имено, на собранието беа отворени повеќе теми за постинувањата на комерцијалните банки од земјите членки на ЕУ, во поглед на имплементацијата на Базел 3 стандардите. Исто така, беше дадена препорака за идните чекори за успешност во имеплементација на новите стандарди од CRD 4 во иднина.
Во контекст на тоа, беше и предавањето на Проф. д-р Christos Gortsos (Secretary General, Hellenic Bank Association). Понатаму, на Генералното собрание, како теми, кои беа дискутирани од европските авторитети, а се релевантни за банкарските образовни институции, како и нашата АБИТ, беа следниве:
- „Building Brand Affinity Through Social Media”, followed by Q&A - by: Mr. David Opp (Social Media Manager, Frankfurt School);
- “Big Data in the Banking Sector”, followed by Q&A, - by: Dr. Mohammad Al Sa’d (Senior Research Associate, Cambridge University); и
- “The Single Supervisory Mechanism”,followed by Q&A - by: Prof. Dr. Christos Gortsos (Secretary General, Hellenic Bank Association).
На крајот, претставниците – членки на EBTN под менторство на домаќинот г-дин Ingolf Jungmann(Vice President, Managing Director- Frankfurt School of Finance & Management) беа упатени во посета на новата зграда наЕвропската централна банка (European Central Bank).
По завршувањето на официјалниот дел од Годишното собрание на EBTN, претставниците на Македонската банкарска академија (АБИТ), пристапија кон разговори за потпишување на соработка со водечките луѓе на „Frankfurt School of Finance & Management (Bankakademie | HfB)“.
Имено, на состанокот беше презентиран академскиот профил на АБИТ, како и образложени намерите за потпишување на „Меморандум за соработка“, со кој, македонската банкарска академија има силни намери да работи во функција на зајакнување на стручното специјалистичко образование, со цел, носење на експерти од престижната европска и светска школа за финансии „Frankfurt School of Finance & Management“, со долгоговишно искуство и голем авторитет во ЕУ монетарниот сиситем.