БНТ - гостување на проф. д-р Синиша Наумоски
📺 Бугарската национална телевизија (БНТ) - „Бизнес.БГ"
📆 03.04.2022, гостување на проф. д-р Синиша Наумоски, претседател на Академски совет на АБИТ и контролинг професор на Institute for Business & Management Heidelberg Skopje.
🗣 „Кога ќе ја ставиме економијата пред сè, на прво место, тогаш веќе сме ги придвижиле работите. Во 21 век, е многу ирелевантно да зборуваме за историски теми - затоа сметам дека тоа (економијата) е единствениот начин за приближување (на двете земји).“
❓️ На прашањето како нашата земја се справува со економската криза во последните неколку месеци, Наумоски изјави:
🗣 „Ние имаме монетарна власт којашто е за почитување. Монетарната економија е многу стабилна и тоа беше огромна заштитна подлога или слој во контекст на одржлива економија и на фискалната власт. Македонските банки се едни од најдобрите во регионот по основ на прудентност, чисти кредити, раст на актива...“
На тоа, додава: 🗣 „Ако имате стабилен девизен курс (30-тина години), ако имате умерена инфлација и банки кои се во континуитет профитабилни, тоа генерира многу поголема слобода на државниот апарат да може да се задолжи и да може да ја апсорбира кризата.“