Славиме 8 годишнина од основањето на првата македонска банкарска академија - АБИТ | Академијата за банкарство и информатичка технологија


Под мотото „Ние создаваме успех“, на 21.02.2014 година, беше и официјално запишана во ЦРМ, првата македонска банкарска академија - АБИТ.

Имено, според примерот на европските земји, во Скопје, за прв пат беше промовирана првата сериозна македонска образовна институција наменета за банкарски тренинг и организација на специјалистички семинари. Подоцна, на 24 јуни истата година, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, АБИТ ја одржа својата прва конститутивна седница, на која беа промовирани органите на академијата, нејзините цели, визија и мисија.



Во управните тела на АБИТ, во тоа време (2014-та), беа избрани:
- д-р Маја Стевкова Штериева, претседател на Управен одбор;
- проф. д-р Драгољуб Арсовски, преседател на Академски совет; и
- проф. д-р Синиша Наумоски, Извршен директор.

За челенови во првиот Управен одбор и Академски Совет на АБИТ, во тоа време (2014-та), беа избрани:

1. проф. д-р Евица Делова Јолевска,
2. проф. д-р Фадиљ Бајрами,
3. проф. д-р Билјана Ангелова,
4. Диомидис Николетопулос,
5. м-р Тони Стојановски,
6. Николче Петковски,
7. м-р Драги Тасевски,
8. Наталија Алексова,
9. м-р Милена Перчинкова,
10. м-р Бесим Билали,
11. д-р Владимир Ефтимоски,
12. Ангела Ристова,
13. м-р Сашо Димитријоски,
14. проф. д-р Драгољуб Арсовски,
15. м-р Соња Николовска,
16. д-р Кенан Идризи,
17. м-р Кристина Николовска,
18. Антоније Мариноски,
19. д-р Нина Фити Неделковска,
20. проф. д-р Синиша Наумоски и
21. проф. д-р Зоран Колев,

Понатаму, низ 2014 година, поточно на 26 јуни, Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) на Генералното Собрание во Хелсинки (Финска), како единствена образовна организација од државата, стана придружна членка во највисокото тело за специјалистичко и стручно банкарско образование во ЕУ - Европската тренинг асоцијација EBTN, во состав на Европската банкарска федерација. Со тоа, АБИТ доби статус на придружен член во EBTN (Еuropean Banking and Financial Services Training Association).
На 8 мај, 2015-тата, Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ) на Генералното Собрание во Будимпешта беше избрана за полноправна членка на Меѓународната група за контролинг (International Group of Controlling - највисоко тело во Светот за уредување на стандардите за професијата контролинг). Со тоа, АБИТ беше номинирана како единствена институција кај нас, која, ќе врши сертификација и уредување на професијата „controller“ во областите: банкарство, стопанство и јавен сектор.


40 потпишани партнерства за признавање на АБИТ сертификатите

Во изминативе 8 години, меморандуми за соработка беа потпишани со: Strascheg Institute for Innovation and Entrepreneurship (SIIE) од Р. Германија, Универзитетот за применети науки од Австрија, Институтот за контролинг од Виена, Универзитетот за информатичка технологија и менаџмент од Р. Полска, Бугарскиот институт за банкари од Софија, Романскиот банкарски институт од Букурешт, (WSBI) World Saving Banking Institute-Светскиот банкарски институт од Брисел, Хрватскиот институт за банкарство од Загреб, Белградската академија за банкари од Р. Србија, Шпанската асоцијација на банкари од Барселона, Португалскиот банкарски институт од Лисабон, Француската асоцијација на банкари од Париз, Словачкиот банкарски институт од Братислава, Љубљанската школа за контролинг од Словенија, Хеленик институтот за банкари од Грција, Словенската, Белградската и Косовската асоцијација за банкари.

Покрај ова, најзначајно за АБИТ, беше и стратешкото партнерство со:
- Германската високообразовна установа ПНУ „Институт за бизнис и менаџмент Хајделбрг во Скопје“;
- Лондонската академија за „Retail Banking“ (Велика Британија);
- ФОРУМ Институтот за менаџмент од Хајделебрг, (С.Р. Германија); и
- Frankfurt School of Finance & Management“ (еден од најдобрите универзитети за банкари, финансисти и менаџери во Германија);
Со тоа, академијата се стекнува со право да дава меѓународно стручно образование од најпрестижните ЕУ академии (школи) за финансии.

Бројките зад 8 години работа на АБИТ

На денешен ден, 21 февруари, пред точно 8 години, беше основана и започна приказната на Академијата за банкарство и информатичка технологија . Од тогаш до денес, се реализираа многу проекти во областа на банкарската едукација.
АБИТ, во изминатите години, реализираше специјалистичка сертификација од областа на банкарството и финансиите со меѓународно признат карактер. Во своето досегашно работење се реализираа 8 генерации на специјализирани студенти на едногодишните обуки, одржани се повеќе од 100 семинари и конференции за банкари, контролори, сметководители и млади банкари. Исто така, во 2014 година, започна да се издава електронското научно-стручно списание „е-Банкар“.
Во опсегот на специјализациите ги опфаќа следните обуки: Certified Accounting Specialist; Certified Compliance Specislist; Certified Credit Analyst; Certified Risk Manager; Certified Branch Manager; Certified Controller; Retail Banking. Понатаму, меѓународните специјализации Certified Controller и Retail Bаnking, започнаа со двојна верификација на дипломите. Додека, пак, програмите Certified Accounting Specialist и Certified Compliance Specislist се специјализации кои се признати од страна на Министерство за образование и наука и Центар за образование на возрасни.

Започнувајќи од 2015 година, на АБИТ, преку едногодишните специјализации, програмите ги завршиле 8 генерации на слушатели, а во тек е 9-тата. Имено, од вкупното учество на дипломирани (сертифицирани) слушатели во апсолутен број е 323 слушатели. Оттука, структурата на слушателите е од банкарскиот сектор, финансиски сектор и стопанскиот сектор. Односот изразен во проценти изнесува:
 Банки 44%
 Финансиски институции 5,5%
 Стопански сектор 40%
 Млади и идни банкари 10,5%

Академијата за банкарство и информатичка технологија во својата 8 годишна работа има успешно организирано над 100 специјалистички семинари, семинари за млади банкари и конференции со домашни и експерти од странство (Хрватска, Брисел, Германија, Израел, Велика Британија, Франција, Полска, Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора) со поминати над 1.800 слушатели. Просечно, во текот на една година, АБИТ организирал 20 семинари и настани годишно, со просечен број на слушатели од 225 слушатели.


ЗАЕДНО ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ!

8 години АБИТ  

  


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by