АБИТ АНАЛИЗА: ЗНАЧАЈНИ ФАКТИ ЗА ПРОФИТАБИЛНОСТА КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ 

Намален за една банка, поради спојувањето на две во една - поголема, во 2022 година, македонскиот банкарски систем влегува со тринаесет (13) банки. Од кои, пет банки се големи со актива поголема од 40,85 милијарди денари, пет се средни банки со актива меѓу 10,2 и 40,85 милијарди денари и три се мали банки со актива помала од 10,2 милијарди денари.


Во насока на ова, ние од АБИТ, даваме неколки значајни факти, од официјални извори, за стабилните состојби кај македонските банки (за 2021 година):
- од официјалните извештаи, може да се забележи еден тренд на олабавена монетарната политика, во континуитет, со ниско држење на основната каматна стапка (на историски најниското ниво);
- рекордна највисока добивка за македонските банки е остварена за трите квартали од 2021 година, во износ од околу 117,5 милиони евра или за 21,3 милиони евра поголема во споредба со истиот период лани. Структурно, по големина на банки, најголем раст е забележан кај големите банки, со остварена добивка за трите квартали од 2021 година, во износ од 103,9 милиони евра или за 20,1 милион евра поголема во споредба со истиот период лани. Пораст има и кај средните банки, кои, годинава за трите квартали покажуваат добивка после оданочување во износ од 11,5 милиони евра или за 1,5 милиони евра поголема во споредба со истиот период лани. Стабилна состојба, со незначителен пад на добивката во износ од 350 илјади евра, во споредба со минатата година, се забележува кај малите банки. Истата, за трите квартали од годинава изнесува нешто повеќе од 2 милиони евра;
- Повисокиот профит на македонските банки, за првите три квартали во 2021 година, произлегуваат најмногу од поголемиот износ на некаматни приходи на банките за 22,9 милиони евра, што е резултат на зголемените приходи врз основа на наплатени претходно отпишани побарувања во износ од 20,6 милиони евра, како и на повисоките нето-приходи од провизии и надоместоци кои се поголеми за 10,9 милиони евра во споредба со 2020 година. Истовремено, намалените трошоци за исправка на вредноста, од 3,4 милиони евра, исто така позначително придонесоа за зголемувањето на добивката;
- Адекватноста на капиталот за првите три квартали од 2021 година, се движи во рамките на 17,3 отсто или за 0,4 отсто повисока во споредба со лани, а непроменета во споредба со претходниот квартал. Оттука, како што очекувавме во АБИТ, адекватноста на капиталот се задржи на ниво повисоко од 17 отсто, до крајот на годината, и тоа со повеќе од 90 отсто сопствени средства на банките во редовниот основен капитал, како и слободните сопствени средства на банкарскиот систем изнесуваат околу 10 отсто; и
- Податокот за големината на банките, во функција на анализата на солвентноста, преку пресметки на стапката на адекватност на капитал, согласно АБИТ анализите, покажува најсилна стапка кај средните банки (со 19 отсто), потоа следуваат малите банки (со 18,4 отсто) и големите банки со константна стапка од околу 17 отсто.
Негативните амплитуди во економијата, од квартал на квартал, сепак, не придонесоа за тоа, банкарскиот систем да има карактеристики на нестабилност во 2021 година.

Практично, ако се анализира претходната година, може да се констатира дека банките ја задржаа нивната стабилност и отпорност на економските шокови. За таа цел, самите тие како чинители на банкарскиот систем, беа креатори на доверба кон јавноста. Согласно осум-годишната успешна соработка со нив, ние во АБИТ сме на мислење дека сето тоа, македонските банки го овозможија со континуирано и успешно работење, наназад, една цела декада.


Затоа, велиме дека таквата успешност од минатото, денес, дојде до израз и се покажа како клучна за актуелните резултати во екот на пандемијата и пост-ковид периодот. Поточно, банките, со таквите континуирани акумулации на профитите, за себе, создадоа една слика на стабилност во очите на клиентите, а со тоа и силна доверба кај домашната јавност, воопшто.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by