Се основа Здружение за остварување на заеднички интереси на контролерите и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА КОНТРОЛИНГ АСОЦИЈАЦИЈА - МКА

Од анализите направени од страна на светското тело за воведување на стандарди за контролинг - IGC International Group of Controlling, може да се констатира дека во земјите од ЕУ, за жал, не може точно да се диверзифицира одговорноста на менаџерот и контролерот, во насока на тоа, каде започнува, а каде престанува истата.

Во компаниите од Западна Европа, се вели: „нема идеални, туку има добри системи на систематизација.“

Ставот на првата македонска банкарска академија - АБИТ е на иста линија со Германците, и вели: „Одделот за контролинг, треба да биде надвор од одделот за финансии, и тоа, сосема независен и неутрален.“ Да, контролинг одделот треба да биде до управата, но не многу блиску до неа. Луѓето, понекогаш се обидуваат да го решат овој проблем на преклопување (меѓу менаџментот и контролерот) со помош на детално и прецизно формулиран опис на работата. Меѓутоа, со тоа, само се вплеткуваат во бирократски описи и не се блиску до решение.

За таа цел, идејата е: „помалку регулатива, а повеќе управување по основ на слобода.“ Описот на работата на контролерот треба да се формулира во духот на Наполеоновата максима за Уставот: „Elle doeit etre sourte at obscure“ - кратко и не премногу прецизно. Но, она што нас ни е потребно, се насоките. Насоките обединуваат, а описот на работата - разединува.

За ваквите дилеми и многу други актуелни теми, почитувани сегашни и идни контролери, во периодот што следува, а под менторство на:
- Prof. Dr. Ronald Gleich, академски директор на „Center for Performance Management & Controlling“ во “Frankfurt School of Finance & Management“ (еден од најдобрите универзитети за банкари, финансисти и менаџери во Германија) и член на управата во Хајделберг Институт во Скопје;
- Професорите од управата на Хајделберг Институт во Скопје;
- ФОРУМ Институтот во Хајделебрг;
- Државниот дуален Универзитет од Манхајм, преку неговите алумни членки, околу 2000 германски компании; и
- Хајделберг Факултет во Скопје (во основање),
проф. д-р Синиша Наумоски, од АБИТ, како раководител на сертификациона програма, со колегите контролери од сите 6 генерации во АБИТ и Хајделберг Институт во Скoпје, ќе реализираат серија на работилници, публикации и презентации пред познат работодавач, со цел, постигнатите ефекти од претходни анализи и проекти на работните групи контролери, да добијат на значење. Имено, тоа е можно само преку алумни координација, како оддел во Македонска контролинг асоцијација - МКА. За таа цел, АбИТ наскоро ќе објави и почеток со работа на Здружението за остварување на заеднички интереси на контролерите и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА КОНТРОЛИНГ АСОЦИЈАЦИЈА - МКА.

„Имено, ние во АБИТ сме на мислење дека како држава, после 8 години работа, 4 меѓународни конференции со повеќе од 400 учесници и 75 сертифицирани македонски контролери со знакот за квалитет од IGC, заслуживме асоцијација, која, ќе има за цел - да креира свој алумни клуб и да ги промовира идните консултанти во оваа област, како и да ја развива функцијата на контролинг во малите и средните претпријатија и јавниот (државен) сектор.“ - изјави проф. д-р Наумоски

 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by