ЗАВРШИ ШЕСТАТА ГЕНЕРАЦИЈА МАКЕДОНСКИ КОНТРОЛЕРИ ОД 2021-та


Во АБИТ, на дел од учесниците, беше доделена Дипломата за стекната титула - CERTIFIED CONTROLLER® (Еквивалентна на oригинална германска неформална диплoма и се изведува вo пет нивoа сo пoминати пoвеќе oд 50.000 слушатели. Ваквата програма го карактеризира контролингот на ниво на Централна Европа повеќе од 40 години).


Светска престижна акредитација
На 7-ми декември, 2020 година, се стекнавме со знак за квалитет „IGC quality standards“, од страна на светското тело за воведување на стандарди за контролинг - IGC International Group of Controlling.



Академијата за банкарство и информатичка технологија - АБИТ во партнерстсво со Германската високообразовна установа – ПНУ Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје, се закити со светска престижна акредитација. Официјалното промовирање во институција со „IGC quality standards“ беше во септември, 2021 година, во Амстердам, Холандија.
Со тоа, #ABIT и #IBMHS Хајделберг Институтот во Скопје се единствените институции во Западен Балкан со таква сертификација и важност на дипломите/сертификатите на програмата „CERTIFIED CONTROLLER”.


Слушателите на шестата генерација македонски контролери од 2021 година, постигнаа одржлив успех со постапно изучување на програмата. Поединечните нивоа на специјализацијата имаа за цел, да се надоградуваат еден со друг, како во поглед на содржината на теми, така и во поглед на содржината на практичните вежби. Имено, програмата беше прилагодена на начин на интегриран пристап на спојување на теорија, практични вештини и меѓународна пракса во насока на унапредување на компетенциите кај македонските контролери од генерацијата 2021, при изучување на котролингот.

За таа цел, нивоата 1, 2 и 3 од програмата, се изучуваа под менторство на АБИТ во Скопје, преку Zoom платформата, и истите дадоа преглед на контролингот и контролерот во компанијата. Во ниво 1, слушателите компактно се ориентираа и прилагодуваа кон професијата „Controller“ во компаниите. Во ниво 2, беше направен широк осврт на трошоците, поточно управувањето со трошоците и сметководството на трошоците во компаниите, додека пак, интегрираното корпоративно планирање беше основа на изучувањето во ниво 3 од програмата.

Со завршување на првите три нивоа преку АБИТ во Скопје и полагањето на испитот, преку длабинска студија на случај, работилница за изработка на „Balance Scorecard“ и комплетна финансиска анализа врз избрана компанија од листингот на Македонската берза, за 2021 и 2020 година, слушателите - контролери се стекнаа со меѓународен контролинг сертификат издаден од АБИТ | Академија за банкарство и информатичка технологија, со знакот за квалитет „IGC quality standards“, а акредитиран од страна на светското тело за воведување на стандарди за контролинг - IGC International Group of Controlling.

Во периодот што следува, под менторство на Prof. Dr. Ronald Gleich, академски директор на „Center for Performance Management & Controlling“ во “Frankfurt School of Finance & Management“ (еден од најпрестижните универзитети за банкари, финансисти и менаџери во Германија) и член на управата во Хајделберг Институт во Скопје, проф. д-р Синиша Наумоски, како раководител на сертификациона програма, од АБИТ, ќе реализира - објави публикација или работилница пред познат работодавач, за достигнувањата на работната група на шестата генерација македонски контролери, и тоа преку алумни координација во Македонска контролинг асоцијација - МКА.

За таа цел, наскоро ќе објавиме и почеток со работа на Здружението за остварување на заеднички интереси на контролерите и унапредување на нивното работење МАКЕДОНСКА КОНТРОЛИНГ АСОЦИЈАЦИЈА - МКА.


 

Имено, ние во АБИТ сме на мислење дека како држава, после 8 години работа, четири меѓународни конференции со повеќе од 400 учесници и 75 сертифицирани македонски контролери со знакот за квалитет од IGC, заслуживме асоцијација, која, ќе има за цел - да креира свој алумни клуб и да ги промовира идните консултанти во оваа област, како и да ја развива функцијата на контролинг во малите и средните претпријатија и јавниот (државен) сектор.

Оттука, после напорната работа, распределена во 150 часови и завршени три евалуации пред домашни и германски професори, од името на управата на АБИТ и Хајделебрг Институтот во Скопје, сакаме да упатиме ЧЕСТИТКИ на новите членови во нашето контролинг семејство, кое сега, брои 75 сертифицирани македонски контролери:
- Виолета Јосифовска
- Елена Митковска
- Ана Азеска
- Жарко Богевски
- Марија Мирковиќ
- Благица Чилиманова

  

  


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by