CERTIFIED CONTROLLER
German diploma with IGC quality standards

АБИТ, во мај 2015 г. со добивање на статус - полноправен член на Меѓународната група за Controlling (International Group of Controlling - IGC) е единствената домашна институција која нуди специјалистичко образование и сертификација во областа на контролингот на светско ниво.

ВАЖНО: на 7 Декември, 2020 година, по претходно поднесено барање до УО на Меѓународната група за Controlling, со цел стекнување на светска престижна акредитација на програмата со знакот „IGC quality standards“, од страна на светското тело за воведување на стандарди во контролингот - IGC International Group of Controllinг, германската високообразовна установа – ПНУ Институт за бизнис и менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје (партнер на македонската банкарска академија АБИТ) доби позитивна препорака и со тоа, се стекна со светска престижна акредитација.
Во целост, позитивната препорака од евалуацијата како извештај е изготвена од страна на стручна Комисјата формирана од IGC, преку независна институцијата ангажирана за таа цел, т.е. професори од „Institute of Business Education and Educational Management“ од Универзитетот „St.Gallen“ од Швајцарија.

Целосниот извештај може да го видите со кликнување на сликата подолу:

Со тоа, ABIT и IBMHS Хајделберг Институтот во Скопје се единствените институции во Западен Балкан со таква сертификација и важност на дипломите / сертификатите на програмата “CERTIFIED CONTROLLER”.

Што e IGC

Напомена: на сликата е прикажан УО на IGC генаралното Собрание кое се одржа во Скопје на 20.05.2017 г. 
International Group of Controlling, со седиште во Австрија претставува наголемото свестско тело во кое членуваат влијателни едукативни организаиции за Controlling. Преку својата сертификација ги остварува своите цели:
да се промовира функцијата и улогата на контролорите; 
да се биде форум за размена на идеи и искуства;
да служи како платформа за усогласување и развој на концептот на controlling и терминологијата на controlling; 
да одржува добри конекции со науката и сродни полиња на проучување во областите на Controlling;
да се зголеми транспарентноста на пазарот и да се обезбеди висок квалитет во обуката и образовните програми во обласитите на controlling-от.
да се дефинираат стандардите за квалитет за сите членови на International Group of Controlling во комбинација со обезбедување




Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by