Интервју со проф. д-р Глигор Бишев, претседател на Управниот одбор и генерален извршен директор на „Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје"

1. Што говори вашето искуство, во кој сегмент најмногу отскокнува македонското банкарство во однос на ЕУ? На што треба фокусирано да работиме во 2020?

Г.Б. Македонската банкарска индустрија е традиционална банкарска индустрија и таа претежно се бави со земање на депозити и одобрување на кредити во најразлична форма и услуги во сферата на плаќањата во земјата и во странство. И од тој план, клучното за македонското банкарство е ефикасното управување со кредитниот ризик што покажува дека во изминатата 2019 година тоа банките извонредно успешно го правеа, заради што и нивото на нефункционалните кредити е на историски најниско ниво, а од друга страна профитабилноста е висока, затоа што банките не треба да издвојуваат голем износ на резервации за лоши пласмани. Во наредниот период фокусот ќе биде на диверзификација на овие активности, а исто така трансформацијата на банкарската индустрија од нудење на производи во нудење на финансиски банкарски доживувања за клиентите. Односно, клиентот да пропатува низ банката и да ги направи сите свои услуги за да ги задоволи своите потреби, да има извонредно доживување и тоа патување може да биде било преку дигиталните канали било преку физичко присуство во филијалите на банката.

2. Какво е вашето мислење во поглед на вклученоста на практичарите во образовниот систем кај нас? Дали има потреба од повеќе практичари во образовниот процес и забрзан развој на дуалното стручно образование во областите на финансии?

Г.Б. Светски тренд е да образованието испорачува кадар кој што веднаш ќе се вклучи во процесот на работа, било кај производните компании или финансиските институции или во останатите компании од услужниот сектор и на тој план и програмите и профилот на професорите кои што предаваат се насочува во таа насока. Исто така, практичното образование при конципирањето на програмите е доста битно затоа што покрај редовните предавања да студентите или слушетелите паралелно извршуваат практична настава и од тој аспект тоа е клучот за добро образование кое што ќе овозможи на слушателите, на партиципиентите да истото веднаш по завршувањето го користат и се вработуваат.

3. Какво е вашето учество при создавањето на вредности за подобрување и унапрeдување на банкарската професија преку поддршката (искуствата) на програмите за банкарска специјализација?

Г.Б. Шпаркасе банка Македонија има договор скоро со сите економски факултети и образовни институции од областа на финансиите за соработка исто така и со голем број образовни институции од другите области и таа на редовна основа прима практиканти за извршување на наставата и исто така голем број на наши вработени одржуваат презентации и предавања во овие институции, така да соработката е двострана. Исто така, на годишна основа ние, заедно со Steiermärkische Sparkasse од Грац, доделуваме три стипендии за најдобрите од југоисточна Европа, а тоа е нашите најдобри студенти на економските факултети, на правните факултети или на курсевите по финансии и банкарство да можат да присуствуваат на Универзитетот во Грац и таму поминат една година и практично се усовршуваат исто така во Steiermärkische Sparkasse Грац.

                                                   

4. Дали македонските банкари можат да им парираат на банкарските работници од ЕУ па и од целиот свет? Всушност, на кои стандарди ги учите?

Г.Б. Предноста да се биде дел од голема групација значи исто така да се стекнуваат најновите практични знаења и вештини во областа на банкарството и финансиите и голем број на млади талентирани кадри од Шпаркасе Банка Македонија денес работат во Steiermärkische Sparkasse банка во Грац, во Erste Bankа во Виена, во Erste Bankа во Србија и се надевам дека овие процеси и понатаму ќе продолжат. Од тој аспект, предноста за младите е што навистина можат да припаѓаат во едно глобално меѓународно европсо семејство.

5. Имате ли развиено некој систем за да измерите, проверите, колку вашите нови вработени во банката треба да потрошат време за оспособување на работната позиција за која се ангажирале? Како тие напредуваат во текот на првата година од вработувањето?

Г.Б. Како што и претходно истакнав, ние имаме договори со голем број на образовни институции кои што доаѓаат на практична работа, понекогаш од 30 до 60 дена и исто така, во одредени случаи и додека се образоваат, така да, кога банката има потреба од кадар, поготово кадар за приправници и нови вработувања, по правило, дирекцијата за човечки ресурси има нивна биографија, ги поканува на интервјуа и таквите кадри, затоа што веќе биле присутни во банката, многу брзо се вклопуваат и отпочнуваат со работа и од тој аспект, тоа е праксата што ќе ја негуваме и во иднина.

Погледнете го интервјуто во целост: 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by