Едногодишна сертификациона програма за банкарска специјализација
Програмата е изработена во партнерство со EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел.
На крајот од специјализацијата добивате:
- 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ - континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
- Специјалистички сертификат – Диплома за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
- Можност за трансферни ЕКТС (кредити) на формални образовни установи.
Програмата се однесува на теоретискиот и практичен аспект на банкарските инструменти за финансирање на трговијата (акредитивите, гаранциите и инкасата). За време на предавањата ќе бидат презентирани меѓународните узанси кои на униформен начин го регулираат работењето со инструментите за финансирање на трговијата (ФТ), во меѓународни размери. Ќе биде даден приказ и на домашната регулатива релевантна за овој вид банкарски услуги. Исто така ќе биде и укажано на примери од практиката, поврзани со овој вид на инструменти. Ќе се дебатира за меѓународните трендови и можната иднина на (Trade Finance) услугите. Целна група: Вработени во комерцијалните субјекти и државните институции/органи (пр. членови на тендерски комисии, надлежни лица за тендерски постапки, јавни набавки итн.) кои работат со инструментите за финансирање, и сите млади банкари и студенти кои сакаат да работат во секторот за Trade Finance услугите.
Напомена
Уписен рок: од 01 декември 2019 година - до 17 февруари 2020 година
Информации
Вкупен фонд на часови:
Времетраење: 1 година
Почеток на предавања НОВИ групи: март 2020 година
Место: АБИТ (Ул. „Орце Николов“ бр. 75 зграда на Македонска берза 1-ви кат)
Динамика на обуката: два пати неделно од 17:00 часот
Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација
exam fee | CTFS 1 | CTFS 2 | CTFS 3 |
30 EUR |
390 EUR- 24.063 МКД |
480 EUR - 29.616 МКД |
480 EUR - 29.616 МКД |
|
невработени и студенти 20% 312 EUR - 19.250 МКД |
невработени и студенти 20% 384 EUR - 23.693 МКД |
невработени и студенти 20% 384 EUR - 23.693 МКД |