CERTIFICATION IN BANKING SUPEVISIORY STANDARDS®  CBSS

Аплицирај Агенда 

Едногодишна сертификациона програма за банкарска специјализација


Програмата е акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија и изработена во соработка со EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел.
На крајот добивате:
- 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ - континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво;
- Специјалистички сертификат - Диплома за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука.
- Можност за трансферни ЕКТС (кредити) на формални образовни установи. 
Обуката ќе обезбеди детално запознавање со најзначајните супервизорски стандарди коишто треба да ги почитуваат банките во Р.Македонија, согласно постојната законска и подзаконска регулатива. Секој супервизорски стандард ќе биде разработен од неколку аспекти: моменталните законски барања што се однесуваат на тој стандард, начинот на негово спроведување во Р.Македонија и практичните примери за постигнување усогласеност со стандардот. Посебен акцент ќе биде ставен на меѓународните барања и искуства во доменот на соодветниот супервизорски стандард, пред сè барањата на Базелскиот комитет за банкарска супервизија и на соодветната европска регулатива. Основната цел на обуката е да се обезбеди подобро разбирање на воспоставените супервизорски стандарди за банките, нивна подобра примена во праксата и повисоко ниво на усогласеност на банките со прописите во Р. Македонија. Обуката е предвидено да се спроведе во две нивоа. Во рамките на првото ниво ќе бидат опфатени супервизорските стандарди поврзани со најзначајните ризици на кои се изложени банките во Р.Македонија кредитниот и ликвидносниот ризик. Второто ниво ќе ги опфати регулаторните барања и искуства за утврдување и одржување на соодветното ниво на капитал за покривање на ризиците. Обуката ќе ја спроведат лица што се директно вклучени во спроведување на супервизорската функција и во изработка на банкарската регулатива. Учесниците ќе имаат можност за размена на мислења со стручни лица од ова област, но и за размена на мислења со останатите учесници преку работа во групи и активно учество на предавањата. По завршувањето на секое ниво ќе се спроведе тестирање во форма на решавање на практична задача поврзана со темите опфатени во соодветното ниво. Целна група: вработени во банките со работно (т.н млади банкари) или студенти што имаат интерес за подобро запознавање со банкарските супервизорски стандарди.

Напомена


Уписен рок:  во тек

Информации


Вкупен фонд на часови:  80 
Времетраење: 1 година
Почеток на предавања НОВИ групи:  март 2020 година
Место: АБИТ (Ул. „Орце Николов“ бр. 75, зграда на Македонска берза 1-ви кат)
Динамика на обуката: два пати неделно 

Напомена: полноправните членки на АБИТ плаќаат 50% партиципација

exam feeCBSS 1CBSS 2
30 EUR 480 EUR - 29.616 МКД 480 EUR - 29.616 МКД
невработени и студенти 20%
384 EUR - 23.693 МКД
невработени и студенти 20%
384 EUR - 23.693 МКД

Можности за кредитирање до 72 рати, за слушатели кои сами плаќаат за обуката!

Потрошувачките кредити се најкористен начин за купување на рати кога клиентите немаат кредитна картичка. Со овој начин може да се плати било која обука во АБИТ. Основен услов за потрошувачки кредит од било која банка е да сте вработен и да земате редовен личен доход. Може да аплицирате за кредит преку банките-членки на АБИТ.

 

 


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by