ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО Е КЛУЧНА КАРАКТЕРИСТИКА ЗА ПОЗИТИВНА ЕВОЛУИРАЧКА ЕКОНОМИЈА

Интервју за ‘е-Банкар‘ број 8

проф. д-р Улрих Зеител

директор на Форум Институт за менаџмент, Хајделберг - Германија (FORUM Institute for management, Heidelberg – Germany);

и претседател на деканска управа во Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг – Скопје  (IBMHS - Institute for business and management Heidelberg-Skopje)

,,,претпријатијата што се предмет на пазарни правила, како што се конкуренцијата и слободата на трговијата на општествено одговорен начин, се клучна карактеристики на позитивно еволуирачката економија!

 

1. На почетокот на ова интервју, сметаме дека објаснувањето на вашата мисија, визија и целите на организацијата е од особена важност за македонските финансиски и деловни работници. Затоа, можете ли да ги дефинирате организациските вредности на ФОРУМ Институтот за менаџмент на синтетички начин?

ФОРУМ Институт за менаџмент прави размена на информации меѓу носителите на одлуки во економијата, светот на финансирање и главните креатори на политики. Главно, тоа го постигнуваме преку организирање семинари и конференции за носители на одлуки во различни сектори, при што особено внимание посветуваме на квалитетот на говорниците. Им придаваме еднакво значење на сите организациски детали, за да им обезбедиме на учесниците софистициран амбиент, што е соодветен за дискусија и решавање на главните прашања.

2. Како што знаеме, на основачкото собрание во Скопје, членовите ве избраа Вас за претседател на деканската управа со мандат од четиригодини во Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг-Скопје(IBMHS.EU). Можете ли накусо, како претседател, да го презентирате целиот спектар на активности на Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг-Скопје? Каде ја гледате нашата земја во однос на тој поглед?

Новоформираниот Институт за бизнис и менаџмент Хајделберг-Скопје има цел да ја направи токму оваа експертиза достапна во странство. Со оглед на веќе одличниот банкарски трансфер на знаења на АБИТ, оваа можност ќе ја прошириме на носителите на одлуки во македонската банкарска индустрија и, последователно, на оние во соседните земји. Првенствено, ова ќе биде во контекст на правата од индустриска сопственост, човечките ресурси и сметководство, како и контролата и даноците. На долг рок, ова ќе се прошири и на понатамошни прашања поврзани со индустријата, како што се оние во фармацевтската индустрија.

3. Земете ја Германија како пример, таа е земја заснована на „филозофијата на контролинг“, што успеа да се крене од дното, зачудувачки, трипати во текот на еден век, за сега да биде една од најсилните економии во ЕУ. Затоа, веруваме дека по „Брегзит“ ЕУ ќе стане посилна под германското раководство. Што мислите Вие за тоа?

Економскиот успех на Сојузна Република Германија во текот на изминатите 70 години, во суштината, се заснова на неговиот успех во создавање на социјално пазарно-економско опкружување што го поттикнува претпријатието да биде креативно, продуктивно и иновативно. Иновативната моќ на германската економија се базира токму на комбинацијата на одлично образование и економски просперитетни компании, што во меѓувреме тргуваат низ целиот свет. Економскиот напредок ќе остане поради тоа што условите на овие рамки ѝ дозволуваат на оваа околина и на овој дух корпоративна слобода, не само на национално ниво во Сојузна Република Германија туку и во Европа. Благосостојбата, просперитетот и порастот се концепти што се важни за бизнисите, но исто така бараат соодветна слобода во трговијата. Затоа, мораме да бидеме претпазливи на источните и на западните протекционистички тенденции, што се прелеваат во Европа и можат да ја нарушат оваа трговија. Во овој поглед, „Брегзит“ сигурно беше лош знак поради неговата зависност од националниот егоизам и тежок протекционизам. 

4. Што мислите за претприемништвото како основен застапник на германската економија, со посебен осврт како модел за балканските земји и за Македонија, како дел од нив?е

Како што е наведено погоре, претпријатието што е предмет на пазарни правила,како што е конкуренцијата и слободата на трговијата на општествено одговорен начин, е клучна карактеристика на позитивно еволуирачката економија. Убеден сум дека ако постои само овој став во политиката и бизнисот, другите балкански земји, што се приклучуваат, ќе бидат економски успешни. Исто така, ова ќе отвори огромни можности, особено за помалите држави, бидејќи регулаторните и законодавните прашања можат да се решат брзо.

5. Во вашата долгогодишна кариера сте назначени на повеќе еминентни позиции и сте во добра врска со германските власти, меѓу кои поважни се: извршен директор на ФОРУМ Институтот за менаџмент, професор на Универзитетот за применети менаџмент студии од Манхајм, експерт по право и професионален тренер обучен во ФОРУМ Институтот за менаџмент... Практично, вие сте еден од креаторите на истакнатите образовни програми во Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг-Скопје. Затоа, дали сметате дека вашето лично професионално влијание, на почетокот, може да помогне во напорите за обезбедување знаење на Германија овде, во овој регион, во организирање на заеднички образовни програми од областа на бизнисот, менаџментот и финансиите?

Моето големо професионално искуство ми покажа дека една компанија може да работи успешно во понатамошното образование, ако нејзините креативни умови темелно ги разбираат економските проблеми на компанијата и ги планираат своите производи со своја експертиза и свое разбирање. Токму тука надворешното искуство и асистенцијата можат да се бараат на почетокот – искуство што го стекнав во текот на мојот мандат како управен директор на ФОРУМ Институтот за менаџмент. Дополнително, мораат да се разјаснат многу организациски прашања и проблеми, што се поврзани со фактот дека релевантните производи мораат да се донесат на пазарот. Современите инструменти, како и сите дигитални алатки за маркетинг, треба заеднички да се разгледуваат со традиционалните информатички технологии, како што се печатењето и рекламирањето, од почетокот. Дигиталниот маркетинг бара многу претпазлив пристап во однос на тоа како да го привлече интересот на потенцијалните учесници со овој рекламен канал. Добивањето на вистинската мешавина на дигитален и печатен маркетинг ја презема стручноста, што сигурно можам и да ја придонесам.

 6. Можете ли да ги објасните понатамошните чекори што се планираат и можностите за потенцијална поддршка од страна на ФОРУМ Институтот за менаџмент?

Следниот чекор во развојот на компанијата ќе биде проширување на постојните производи во финансиската индустрија при развој на други области. Меѓутоа, ова не значи само развој на одредена содржина – за што сигурно можеме да се потпреме на искуството на германските и на европските говорници –туку и достапноста на соодветните маркетинг-канали. Затоа, следниот чекор ќе биде да се развијат нови содржини со соодветни вработени при утврдување на потребните организациски и маркетинг-предуслови за рекламирање на нашите настани. 

7. Дали имате некои практики за повисоко ниво на германски менаџмент (бизнис-ситуации и примери) за нашите студенти кои можат да се применат во извршните МБА-програми на IBMHS.EU (ИБМХС.ЕУ) во Македонија и во целиот регион?

Се разбира, покрај теоретското знаење, планираната МБА- програма ќе опфати многу практични студии на примери од постојни компании. Во текот на моето учење, сфатив дека давањето на практични примери секогаш им овозможило на учениците полесно да го разберат теорискиот контекст. Само кога конкретните факти можат да се потврдат со теоретски објаснувања, таквите програми можат да имаат реални образовни и практични ефекти. Оттука, секогаш ќе придаваме големо значење во воспоставување на оваа практична референција.

 8. На почетокот, во првата половина на февруари 2018 година, имаме чест да Ве претставиме како гостин во Скопје, на првата од овој тип – Конференција за контролинг на тема: „Меѓународни стандарди во контролинг-имплементација во практиката“. Кои се очекувањата за настанот и дали можеме да очекуваме конференција штоби привлекла инвестиции во земјите од западниотБалкан?

„Конференцијата за контролори“ во февруари 2018 година е посебно наменета да им покаже на претприемачите, првенствено оние што се одговорни за контрола, како да се употребат инструментите и најновите методи за контролинг во современата економија, за да им помогне на менаџментот на компанијата во процесот на донесување одлуки. Денес, разбирањето на контролинг има цел да постигне поголема транспарентност во компанијата и да обезбеди солидна основа за корпоративни одлуки. Современото контролирање не се смета како механизам за контрола и за запирање, туку како придружник на корпоративните одлуки и нивната економска сигурност. Во таа насока, конференцијата ќе придонесе за покажување на потенцијалните инвеститори дека корпоративните инвестиции се вредни, дури и во нова растечка средина, како онаа во која Македонија еволуираше во последните неколку години.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by