НАУЧНИ И СТРУЧНИ ТРУДОВИ - РЕЦЕНЗИЈА И СТАНДАРДИ ЗА ПУБЛИЦИРАЊЕ

Во програмата на Уредувачкиот одбор на „е-Банкар“ важно место има можноста за објавување на вашите стручни и научни трудови, со цел за ваша едукација, не само онаа што произлегува од читањето на објавените трудови, туку и за подигнување на нивото на знаење за целиот процес од подготовка до објавување на манускрипт. овој процес подразбира и рецензија на поднесените трудови.

Рецензија или евалуација од колеги-експерти е процес на подложување на труд, истражување или идеја на проверка од други кои се квалификувани и способни да направат непристрасна рецензија. одлуката дали манускриптот ќе се објави или не, или ќе се модифицира пред објавувањето, ја донесува едиторот на списанието врз основа на мислењето на еден или повеќе рецезенти. овој процес треба да ги охрабри и потикне авторите да се придржуваат на прифатените стандарди на нивната дисциплина и да спречи дисеминација на ирелевантни наоди, непоткрепени тврдења, неприфатливи интерпретации и лични видувања. трудовите кои пледираат на оргиналноста треба да се придржуваат на претпоставките на добрата финансиска практика (за стручните трудови ) и на научниот метод (секвенција или колекција на процеси кои се сметаат за карактеристични на научното истражување и за стекнување на ново научно знаење заосновано на докази).

Се разбира, секој има право да не се согласи со мислењето на рецензентот или на едиторот, и доколку успее да го образложи и да го поткрепи својот став со релевантни докази, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на рецензирање. иако рецензирањето има многу недостатоци (најчесто се споменува бавноста), сепак, на него треба да се гледа како на чувар на профилот на едно списание, унапредувач на квалитетот и учител за стандардите за публицирање на стручно-научни трудови. рецензија и стандарди за публицирањ на стручно-научни трудови.

Почитувани соработници ве информираме дека вашите стручни и научни трудови што ќе конкурираат за објавување во бројот 2 од јануари 2015 година треба да пристигнат во редакцијата на „е-Банкар“ најдоцна до 5 декември 2014 година. Дополнителни информации може да добиете секој работен ден на телефоните: +3892 3 256 575 и + 389 70 93 62 93

Награда за најдобар објавен стручен труд во „е-Банкар “
Управниот одбор на аБит на првата наредна седница, ќе донесе одлука со која се воведува награда за најдобар објавен стручен труд во „е-Банкар“. наградата ќе изнесува 15.000 денари, а оценувањето и изборот на најдобриот труд ќе го прават рецензентите и Уредувачкиот одбор на „е-Банкар“. Можноста да учествуваат во изборот ќе имаат трудовите кои ќе почнат да се објавуваат во „е-Банкар“ од јануари 2015 година.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА АВТОРИТЕ 
„е-Банкар“ ќе објавува стручни, научни и ревијални трудови, прикази на случаи или кратки извештаи од работењето на финансиските институции. авторите се должни да се придружуваат на правила за подготовка на трудовите. Уредувачкиот одбор на „е-Банкар“ нема да ги прифати за разгледување и/или рецензија трудовите што нема да ги задоволат овие барања.
Подготовка на манускрипт
Манускриптот треба да биде поднесен во а4 формат (216 х 279 мм) со маргини од 25 мм од секоја страна, отчукан само на една страна од листот, со двоен проред, со големина на букви 12 точки, Time New Roman. Бројот на страниците (без табели и/или фигури/илустрации) зависи од типот на трудот:

1 За оргинален научен труд 12 страници и најмногу 6 табели и/или графикони/слики;
2 За стручен труд или ревијален труд 8 страници и најмногу 4 табели и/ или графикони/слики;
3 Приказ на случај или краток извештај 6 страници и најмногу 3 табели и/или графикони/слики.

Секој од дел од трудот треба да запчнува на нова страница: насловна страница, апстракт со клучни зборови, текст на трудот, референци, индивидуални табели, илустрации и легенди. нумерирањето на страниците треба да биде во долниот десен агол, почнувајќи од насловната страница. Прва страница – насловна страница: треба да содржи: (а) наслов на трудот, краток, но информативен; (б) името и презимето на секој автор; (в) институција; (г) името и адресата на авторот со кого ќе се кореспондира во врска со манускриптот. Втора страница - апстракт и клучни зборови: апстрактот треба да е напишан со најмногу 150 збора за неструктуриран апстракт и 250 збора за структуиран апстракт (ги содржи деловите: цел/и на студијата или истражувањето, основни процедури, главните наоди/резултати, податоците и нивната статистичка значајност, ако е можно), и главните заклучоци. истакнете ги новите и важните аспекти на студијата или опсервацијата. под апстрактот идентификувајте ги и напишете ги клучните зборови:

3-5 збора или краткии фази кои ќе помогнат во индексирањето на трудот и при публицирањето на апстрактот. Трета и понатамошни страници – текст на трудот: текстот обично треба да биде, но не е задолжително, поделен на делови со следниве наслови: вовед, материјал и методи, резултати и дискусија.

Вовед: изнесете ја целта на трудот. Сумирајте ја оправданоста за изведување на студијата или опсервацијата. дајте ги само референците строго поврзани со предметот на истражување или опсервација, не правете обемен преглед на предметот на истражување/ опсервација. не ставајте податоци или заклучоци од работата за која се известува.

Материјал (се однесува на материјалот врз кој се врши истражувањето) и методи: изнесете ја општата дескрипција на методите. опишете го јасно изборот на вашите опсервациони или експериментални субјекти. изнесете ги методите и процедурите во доволно детали што ќе дозволат други да ги постават методите, вклучувајќи ги статистичките.

Статистика: ако податоците се сумирани во делот резултати, специфицирајте ги статистичките методи што сте ги користеле за да ги анализирате. опишете ги статистичките методи со доволно детали за да му овозможите на секој читател со доволно знаење да има пристап до оригиналните податоци за да се верифицираат изнесените резултати. кога е можно, квантифицирајте ги наодите и изнесете ги со соодветни индикатори на грешките на мерење. избегнете нетехничка употреба на техничките термини во статистиката, како што е „случаен“, „нормално“, и „мостра“. дефинирајте ги статистичките термини, кратенки и повеќето симболи.

Дискусија: истакнете ги новите и важните аспекти на студијата и заклучоците што ќе следуваат од нив. не повторувајте ги во детали податоците или другиот материјал даден во претходните делови. изнесете ги импликациите на наодите и нивните ограничувања, вклучително и импликациите за идните истражувања. компарирајте ги опсервациите со други релевантни студии. поврзете ги заклучоците со целите на студијата и избегнете неквалифицирани искази, тврдења и заклучоци кои не се потполно поткрепени со вашите податоци. избегнувајте да давате приоритет на работите што не се завршени. изнесете нова хипотеза само кога е јасно дека може да гарантирате дека може да биде означена како таква. може, ако е соодветно, да се дадат и препораки.

Референци: референците се внесуваат во текстот со арапски број ставен во загради, според редот на првото јавување во текстот. за пишување на референците во библиографијата, користете го начинот и форматот на следниот начин:

(Rosenbloom, 2004: 56-70) ознаките “ibid„, “ob.cit.„ и сл. по правило не се користат. избегнете да користите како референци апстракти, „непублицирани податоци“ и „лични комуникации“. може да се користат референци, трудови прифатени, но се уште не публицирани – напишете го списанието и додадете „во печат“.
Користената литература/референци се наведува на крај на трудот по абецеден ред, на следниот начин: Книги Rosenbloom, B. (2004), “Marketing channels: a management view”, Mason: Thomson South-Western.

Статии во часописи Месиќ, М. (2010) “Мултикултурализам у Нјемачкој”, Миграцијске и етничке теме, год.26, бр.3, стр. 243-246 Интернет извор Cassarino, J.P. (2009),”EU mobility partnership: Expression of a New Compromise”, in: Migration Policy Institute – Migration Information Source, September 2009, [http:// www.migrationinformation.org/Feature/ display.cfm?ID=741] (28.11.2009) Корпоративен извор OECD (Organisation for Economic Cooperation and Development) (2003), “National accounts of OECD countries”, vol.1, 1990- 2001, Paris: OECD Доколку се наведуваат повеќе трудови од еден автор објавени во иста година првиот се означува (2010а), вториот (2010б) итн.

Табели:
Секоја табела треба да биде на посебен лист хартија, отчукана според истите правила како за целиот текст. не испраќајте табели како фотографии. табелата не смее да има повеќе од 6 колони и 8 реда. обележете ги табелите едноподруго со арапски бројки, според редоследот на појавување на текстот. дајте кратко објаснување на табелата во продолжение на насловот. Сите дополнителни објаснувања, легенди или објаснувања на нестандардните кратенки, ставете ги веднаш под табелата. Секоја табела треба да биде цитирана во текстот.

Илустрации: Фигурите треба да се нумерирани според редот со кој прв пат се цитираат во текстот. графиконите и фигурите треба да бидат професионално изработени, црно-бели или во боја. Буквите, бројките симболите и друго треба да бидат јасно видливи и по редуцирање на големината на илустрацијата. насловите и деталите за илустрацијата треба да се дадени во легендата во текстот, а не на самата илустрација. ако се даваат фотографии на лица, тие треба да бидат или со добиена писмена дозвола да бидат објавени, или такви лица да не можат да бидат идентифицирани. користете ги стандардните кратенки. избегнете кратенки во насловот или апстрактот.

Чекори на Уредувачкиот одбор по приемот на доставените трудови уредувачкиот одбор ги презема следните чекори: 1) трудот го испраќа на одреден рецензент 2) доколку има забелешки на текстот го известува авторот и му ги испраќа сугестиите од рецензентот за доработка на трудот 3) го одбива ракописот и за тоа го известува авторот. во списанието се објавуваат само трудови со позитивна рецензија. доколку ракописот е вратен - одбиен, (уредникот не мора да ја објаснува причината поради која трудот се одбива) тогаш авторот може трудот да си го понуди за објавување на друго место. испратените трудови не се враќаат.

Напомена во сите манускрипти кои се испраќаат до главниот уредник треба да стои, како напомена, дали тие се наменети за рубриката „научни и стручни трудови“. на крајот од трудот, на посебен лист треба да потпишете изјава дека трудот не е понуден за печатење и нема да се испраќа ист текст до други стручни списанија. еднаш прифатен труд за ова списание го обврзува авторот да не го објавува истиот труд на друго место без дозвола на уредувачкиот одбор. ако го објавува истиот труд на друго место, тогаш мора да се наведе дека е веќе објавен труд во списанието „е-Банкар“

Tрудовите се испраќаат во електронска форма до уредникот на списанието на електронска адреса: е-пошта: info@abit.edu.mk


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by