Општи податоци
Локација: Oestrich-Winkel, Германија
Рок за пријавување: 14 мај 2019
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656, +389 71 215 118
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 79.590 МКД (1290 EUR).
Целна група
Обуката е наменета за сите заинтересирани слушатели за контролинг и оние кои имаат претходно слушано ниво 1,2 и 3
Потврдување и јазик
На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат под менторство на Horváth & Partners Academy.
Обуката се изведува на англиски јазик.
Предавачи
Предавачи (искусни клиничари за контролинг од германските компании под раководство на проф. д-р Роналд Глеих)
Проф. Д-р Мајк Шулце
Професор за контролинг, сметководство и финансиски менаџмент во Еuropean Management School (ЕМS), Мајнц, Германија.
Проф. Шулце докторира на програма за докторски студии "Бизнис администрација" на EBS Universität für Wirtschaft und Recht, Oestrich-Winkel, Германија.
Магистрира на тема "Бизнис Консалтинг" на Универзитетот за применети науки Висмар, Германија.
Дипломира на студиската програма "Wirtschafts-und Organizations wissen schaften" на Универзитетот во Сојузните вооружени сили Минхен, Германија.
Поседува богато работно искуство и знаење како:
Раководител на истражувачки центар, истражувачки директор за Контролирање и иновации при на Институтот за иновации и претприемништво Страшег (SIIE), EBS Universität für Wirtschaft und Recht, Oestrich-Winkel, Германија.
Истражувач на Одделот за енергетски системи, Одделот за менаџмент и инженерство, Linköping University, Шведска.
Истражувачки асистент и докторски студент на Институтот за иновации и претприемништво Страшег (SIIE), EBS Universität für Wirtschaft und Recht, Oestrich-Winkel, Германија.
Семинар менаџер, Horváth Akademie GmbH, Штутгарт / Oestrich-Winkel, Германија.
Финансиски аналитичар, Ford-Werke GmbH, Келн, Германија.