18.12.2018

Кредитирање на микро, мали и средни фирми  -работилница-

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Локација: АБИТ (Конгресна сала II кат)
Времетраење: 10:00 – 13:00 часот
Рок за пријавување: 17 декември 2018

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656

ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 2.400 ден.

НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.   

Цели


Оваа обука има за цел да ги запозане слушателите со микокредитирањето, неговиот развој и значење за една економија, спецификите во пристапот на кредитна анализа, предизвиците со кои се соочуваат самите претпријатија но и банките во процесот на кредитирање на овој сегмент. Обуката вклучува дефинирање на микро и малите претпријатија, нивните предности и слабости изворите на финансирање, ограничувањата со кои се соочуваат за финасиска инклузивност, заштита на овие претпријатија како фиансиски потрошувачи и краток осврт кон start up претпријатијата. 

Обуката посебно ќе се осврне на кредитната анализа на микро и малите претпријатија. Целта на кредитната анализа е да се погледне на кредитната способност што се предлага и за доделување на рејтинг на ризик. Рејтингот на ризикот се добива со проценка на веројатноста за неисполнување на обврските од страна на заемопримачот на одредено ниво на доверба во текот на траењето на кредитот и со проценување на износот на загубата која финансиерот ќе ја претрпи во случај на неисполнување на обврските.

Обуката ќе овозможи разбирање на процесите, потребите и предизвиците со кои се соочуваат банките при третирање на микро и малите претпријатија и start up претпријатијата.

Целна група


Семинарот е наменет за вработени во банки и финансиски институции особено во секторите за продажба и кредитна анализа и за сите останати кои сакаат професионално и лично да се надоградат со оваа проблематика на работењето на финансиските институции.

Содржина


Модул 1: Дефиниција- што е микрокредитирање

Модул 2: Дефиниција на ММСП

Модул 3: Значењето на ММСП

Модул 4: Кој ги финансира микро и малите бизниси?

Модул 5: Кредитна анализа за микро, мали и средни претпријатија

Модул 6: Ризици

Модул 7: Предности и слабости на семгментот на ММСП

Модул 8: Ограничувања за финансиска инклузивност и заштита на финансиските

потрошувачи ( ММСП)

Модул 9: Start up бизниси

 

Потврдување и јазик


На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат под менторство на EBTN – Brussels.

Обуката се изведува на македонски јазик.

Предавачи


        

Горан Василевски

НЛБ банка АД Скопје

Регионален координатор/ група на активности

Сектор - Финансии

Високо образование:

Економски факултет, насока-Менаџмент

Универзитет "Св. Кирил и Методиј”, Скопје

Работно искуство:

Микро кредитен службеник во Германско-македонски фонд

Виш кредитен директор во Прокредит Банка Македонија

Регионален координатор во НЛБ Тутунска банка


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by