Општи податоци
Локација: АБИТ
Времетраење: 10:00 – 16:00 часот
Рок за пријавување: 26 ноември 2018
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 5.900 ден.
НАПОМЕНА:
За втор учесник од иста институција се плаќа 80%.
Полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.
Цели
Основната цел на обуката е да се направи приказ на системот на корпоративно управување во банките, имајќи ги притоа во предвид и современите светски трендови, како и актите на НБРМ кои се однесуваат на предметната област. Во рамки на обуката ќе биде објаснет и правниот статус на менаџерите во банките, заедно со јасното диференцирање на различните ешалони на менаџери во банките и нивниот правен статус и точно позиционирање. Од особена важност ќе биде разгледувањето на специфични одредби од статутите на банките, за кои ќе бидат дадени конкретни насоки за нивно доуредување и усогласување согласно актуелната регулатива. На крај ќе биде направена и кратка анализа на прашањето за одговорноста на менаџерите, како и одговорноста на акционерите, со крајна цел, да се заокружи целокупниот квантум на значајни прашања во врска со статусно-правните аспекти на доброто корпоративно управување.
Целна група
Директори (раководители) на секторите за правни работи и секторите за човечки ресурси во банките, како и вработени лица во наведените сектори на банките и сите заинтересирани кои сакаат да се запознаат, односно надградат во оваа област и проблематика.
Содржина
МОДУЛ 1: Спецификите на двостепениот систем на управување со банките
МОДУЛ 2: Правниот статус на менаџерите;
Различните ешалони на менаџмент (менаџери) во банките и конципирањето на нивниот правен статус
МОДУЛ 3: Специфики на статутите на банките и потребата од нивно усогласување
МОДУЛ 4: Одговорноста на менаџерите наспроти одговорноста на акционерите
Потврдување и јазик
На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.
Обуката се изведува на македонски јазик.
Предавачи
Проф. д-р Марко Андонов
Марко Андонов е доктор на правни науки од областа на деловното право. Негов потесен предмет на интерес се правото на трговските друштва, правото на хартии од вредност, како и трудово-правната проблематика. Во октомври 2009 година е избран во наставно-научно звање – доцент на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје. Во месец септември 2013 година е избран за декан на истиот факултет, а во месец јули 2014 година е избран во наставно-научно звање – вонреден професор. д-р Марко Андонов има учествувано во подготовка на повеќе подзаконски акти кои прозлегуваат од Законот за хартии од вредност, а бил и член на работната група за изготвување на Законот за инвестициски фондови. Помеѓу другите академски и професионални активности, назначен е за координатор на модулот по трговско право во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Република Македонија за слушатели од почетната и континуираната обука.
Проф. д-р Зоран Михајлоски
Зоран Михајлоски е доктор на правни науки и негова потесна специјалност се трудовото и деловното право. Работел како судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови како председател на специјализиран совет за работни спорови и раководител на оддел за работни спорови. Во Академијата за обука на судии и јавни обвинители е постојан едукатор по наставните предмети трудово право и парнично право а исто така е координатор на постојните едукатори , по наставните предмети од граѓанската област. Од септември 2010 година е назначен како насловен доцент на Правниот факулет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, а од јули 2014 година е именуван како насловен вонреден професор на истиот факултет. Исто така е избран за раководител на докторските студии на Правниот факулет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје.Својата прва книга „Колективни договори“ ја објавува со посредство на Агенцијата „Академик“ во 2007 година. Со посредство на книгоиздавателската куќа „ Селектор“, го објавува својот научен труд „Правниот статус на деловните лица“ 2010 година. Книгата „Колективни договори - теорија и практика“ ја објавува во 2010 година, преку книгоиздавателската куќа „Селектор“. Објавил повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.
In cooperation with: