Општи податоци
Локација: АБИТ (Конгресна сала II кат)
Времетраење: 10:00 – 14:00 часот
Рок за пријавување: 24 октомври 2018
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 2.400 ден.
НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.
Цели
Оваа обука има за цел да помогне во процесот на дефинирање на стрес-тестовите и согледување на нивната практична примена за постигнување на поголеми резултати и отпорност кон ризиците со кои се соочуваат финансиските институции. Обуката вклучува дефинирање на можни ризици и сценарија, моделирање на одредени сценарија на солвентноста, профитабилноста и ликвидноста, изработка на комуникациски стратегии за анализа и толкување на резултатите од стрес-тестовите и давање на препораки за воведување или заострување на одредени мерки.
Потребата и различните начини на спроведување на стрес-тестовите во време и работна околина каде што особено регулативата е менлива, е од незаменливо значење за амортизација на негативните ефекти од таквите промени.
Обуката ќе овозможи разбирање на процесите, потребите и предизвиците со кои се соочуваат банките при изработка на стрес тест анализите како алатка во процесот на управување со ризиците. Преку практични примери и решавање на реални проблеми со case study ќе се моделираат и испитуваат ефективните решенија до успешно справување со ризиците.
Целна група
Семинарот е наменет за вработени во банки и финансиски институции особено во секторите за управување со ризици и за сите останати кои сакаат професионално и лично да се надоградат со оваа проблематика на работењето на финансиските институции.
Содржина
МОДУЛ 1: Вовед
Дефинирање на стрес-тестирање;
Цели и видови на стрес-тестирање;
Претпоставки/сценарија врз кои се темелат стрес-тестовите;
Фази на имплементација на стрес-тест анализите;
Мерење/моделирање на различни фактори.
МОДУЛ 2: Начини на известување на резултатите од тестирањето
МОДУЛ 3: Активности кои треба да се превземат од соодветните органи на Банката
МОДУЛ 4: Регулаторен пристап на стрес тест анализите
МОДУЛ 5: Предности и негативности од примената на стрес тест анализите
МОДУЛ 6: Изработка на практичен пример на стрес тест анализи
МОДУЛ 7: Анализа на практичен пример на стрес тест и известување на резултатите од тестирањето
МОДУЛ 8: Предлог активности /мерки за заштита и намалување на ризиците во банкарското работење
МОДУЛ 9: Насоки и перспективи
Потврдување и јазик
На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат под менторство на EBTN – Brussels.
Обуката се изведува на македонски јазик.
Предавачи
Д-р Елена Парнарџиева Станоевска
Раководител на одделот за кредитен ризик
Еуростандард Банка АД Скопје
Д-р Елена Парнарџиева Станоевска има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје во 1995 година, а магистрирано на Институтот за меѓународни пост-дипломски студии во Женева, Швајцарија на насока Меѓународна економија во 2001 година. Докторската десертација на тема „Влијанието на информационата економија врз управувањето со банкарските ризици - меѓународни практики, состојби и перспективи во Република Македонија“ ја има одбрането во април 2014 година на Економскиот институт - Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. Р. Македонија.
Својата работна кариера ја започнува во 1996 година кога се вработува во Министерството за финансии, Сектор за меѓународни финансии. На крајот од 1998 година ја менува работата и оди во Комерцијална Банка АД Скопје, Сектор за кредитирање на стопанство. Во 2001 година се вработува во Еуростандард Банка АД Скопје, Дирекција за девизно работење каде и моментално е вработена на позиција Раководител на Дирекција за управување со кредитен ризик.
Д-р Парнарџиева Станоевска има учествувано на бројни обуки и семинари од областа на финансискиот сектор, меѓународно финансирање и трговија, банкарски операции, кредитни анализи, управување со ризици и сл. и има реализирано повеќе пресои во странство. Се има стекнато со повеќе меѓународни сертификати и признанија. Автор е на повеќе рецензиони трудови и статии објавени во домашни и стручни списанија и меѓународни публикации.
Д-р Парнарџиева Станоевска е дел од тимот на предавачи во Академија за банкарство и информатичка технологија АБИТ, на специјалистичката обука Certified Risk Manager.