30.03.2018

МОДУЛ 4

Најдобрите млади и идни банкари учат од Д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансов директор и член на Управен одбор на Комерцијална Банка АД Скопје

Тема:

“ПАТОТ КОН ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА ВО БАНКАРСТВОТО - НЕКОГАШ И СЕГА“

Општи податоци
 
Локација: АБИТ ( конгресна сала, 2 кат)
Времетраење: 10:00-13:00 часот
Рок на пријавување: до 28 март 2018
контакт инфо: +389 2 312 55 00; 071 215 118
Цена:
Уплата за учество на обуката е 1.500 МКД
За студенти и невработени  цената е 1200 МКД (20% попуст)
Полноправните членки на АБИТ , плаќаат само 50% котизација
Цели
Запознавање на младите и идни банкари со банкарското работење во ИТ и дигитализацијата во Комерцијална банка. Видовите и начините кои ги применува банката во поглед на дигитализација. Со какви се ризици се сретнуваат при примената и бенефитите од истата. Кои се новите трендови кои Комерцијална банка ги следи и применува за своите клиенти.
Целна група
Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, истражувачи , индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва и сите оние кои сакаат да се запознаат со работењето, следењето и воведувањето на на новите трендови на дигитализација во една од најголемите банки во Македонија, Комерцијална банка претставена од главниот финансов директор.
Содржина
модул 1 
Вовед 
Промени во банкарското работење во ИТ и дигитализацијата
Комерцијална банка и современите трендови
модул 2 
Општо за интернет банка
Интернет банка за правни лица
Интернет банка за физички лица
Заштеди кои произлегуваат од примената на интернет банка
Трендови во примената на интернет банка
модул 3
Картично работење
Дигитализација на телефонските апарати
модул 4
Ризици при користење на ИКТ во бизнис комуникацијата
Безбедносни аспекти на картично работење
Ризици од измама во меѓународната трговија
Потврдување и јазик
На крајот секој слушател добива сертификат за учество на обуката
Обукате се изведува на македонски јазик

Предавач

Д-р Маја Стевкова Штериева
Главен финансов директор, Комерцијална Банка АД Скопје
Член на Управниот одбор
Доктор на економски науки
Стаж: Повеќе од 21 години, сите во Банката
Дипломира на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде подоцна завршува и магистерски студии по Монетарна економија. Во месец февруари 2012 година на Економски факултет при Универзитетот „Св.Кирил  и Методиј“ во Скопје, се стекна со научниот степен Доктор на економски науки. Своето работно искуство го започнува во Комерцијална банка АД Скопје во 1993 година во Секторот за односи со странство, работејќи како Референт, односно Самостоен референт во Дирекцијата за средства и ликвидност, а подоцна и како Координатор, односно Самостоен координатор во Секторот за деловна политика. Во 2002 година е назначена за Директор на Дирекцијата за управување со ризици, а во 2005 година за Директор на Секторот за управување со ризици и планирање. Од 2008 година ја извршува функцијата Главен финансов директор и е член на Управниот одбор.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by