13.12.2017
МОДУЛ 3
Најдобрите млади и идни банкари учат од Академик Таки Фити
Тема:
"БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ВО УСЛОВИ НА ГОЛЕМИТЕ КРИЗИ. ПОСЕБЕН ОСВРТ ЗА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА"
Аплицирај за семинарот
Општи податоци
Локација: НБРМ (Конференциска сала, 9 кат)
Времетраење: 10:00 - 13:00 часот
Рок за пријавување: најдоцна до 11.12.2017 година
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 1.500 МКД
За студенти цената е со 20% попуст или 1.200 МКД
Полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација
Цели
Семинарот ќе тежнее на учесниците да им понуди запознање со практични трендови на глобалнен развој на финасиското роботење. Посетителите ќе имаат можност да дознаат кои се воочените системски слабости на регулацијата на финансиските системи кој ги откри кризата и да осознаат зошто, одредени мерки и институции се воспоставени како регулаторен одговор. Што претставува и како да се справи со феноменологијата на ликвидносна стапица (liquidity trap).
Обуката е карактеристична по голем број на совети и примери од пракса, кои имаат најголема вредност. Висок степен на комуникација и интеракција со учесниците допринесува за размена на знаење и искуства на релација предавач – учесник.
Целна група
Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, докторанди, истражувачи, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да слушнат за глобалниот тек на економијта и да стекнат практични знаења
Содржина
МОДУЛ 1: Бизнис циклусите како иманентна карактеристика на пазарните економии
МОДУЛ 2: За феноменологијата на Големите кризи (Големата депресија од 1929 – 1933 година и Големата рецесија од 2007 – 2009 година)
1. Зошто и кога се јавуваат Големите кризи?
2. Зошто и по што Големите кризи се особени?
- Се јавуваат после големи експанзии, “бумови“ на економската активност
- Секогаш се миксирани – финансиски и економски
- Секогаш се синхронизирани – брзо се пренесуваат од една до друга земја
- Редовно се придружени со феноменот на ликвидносна стапица (liquidity trap)
- Илустрација на примерот на двете Големи кризи
- Одговорот на политиките (монетарната и фискалната)
МОДУЛ 3: За феноменологијата на ликвидносна стапица (liquidity trap)
Две типични ситуации на ликвидносна стапица
- (силна дефлација и каматни стапки близу до нула)
- (ниска инфлација и ниска каматна стапка со негативна вредност)
МОДУЛ 4: Големата рецесија (2007 – 2009), појавата на Zero Lower Bound on Interest Rates (ZLB) и дисфункционалност на банкарскиот систем
1. Зошто банките не позајмуваат, не кредитираат?
2. Зошто фирмите и потрошувачите не земаат кредити и покрај ниските каматни стапки?
3. Значењето на очекувањата – феноменологијата на animal spirits
4. Последиците од дисфункционалниот банкарски систем
МОДУЛ 5: Колку чести ќе бидат епизодите на ZLB во иднина?
МОДУЛ 6: Има ли решение на проблемот? Кои се предлозите на големите економски умови – Бланшар, Бен Бернанке, Стиглиц, Кругман и други
МОДУЛ 7: Импликациите од ZLB врз македонската економија и врз нашиот банкарски систем
Потврдување и јазик
На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.
Обуката се изведува на македонски јазик.
Предавач
Академик Таки Фити
Претседател на МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
Таки Фити е роден во градот Крушево на 7 ноември 1950 година. Фити бил избран за редовен професор на Економскиот Факултет во Скопје во 1993 година. Магистрирал и докторирал на Економскиот факултет во Скопје, на теми од областа на економскиот развој на земјите во развој. Главни подрачја на неговата научна преокупација се: економија (микроекономија и макроекономија), економски раст и развој, претприемништво, земји во транзиција, модерни макроекономски концепции и политики.
Автор е на преку 230 стручни и научни трудови кои биле објавени во земјата и странство - на македонски, француски, англиски, српскохрватски јазик. Обавил научни и студиски престои во Италија, Германија, Велика Британија, Франција и други земји.
Таки Фити во текот на својата кариера бил:
• Декан на Економскиот факултет во Скопје
• Претседател на Сојузот на економисти на Македонија
• Министер за финансии на Република Македонија (1996-1998)
• Гувернер на Светската банка за обнова и развој
• Гувернер на Европската банка за обнова и развој
• Вицегувернер на Меѓународниот Монетарен фонд (1996-1998)
• Член на Advisory Board на Russian and East European Research Centre (University of Wolwerhampton)
• Консултант на OECD за проекти во областа на малите и средни претпријатија и претприемништвото,
• Член на тимот на советници на Претседателот на Република Македонија (2005-2006),
• Член на советничкиот одбор на Гувернерот на НБРМ (2005-2008),
• Копретседател на Blue Ribbon комисијата за Македонија
• Член на одборот на директори на реномирани македонски претпријатија и банки
Во 2003 година бил избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Тој е исто така член на Европскиот совет за култура. Во 2009 година бил назначен за визитинг професор на Економскиот факултет во Загреб, Република Хрватска.
Од 1 јануари 2016 Таки Фити бил назначен за претседател на МАНУ.