10.11.2017

МОДУЛ 2

Најдобрите млади и идни банкари учат од Проф. д-р Драган Тевдовски, Министер за финансии

Тема:
„Бихејвиористичка економија и календарски аномалии“

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Локација: НБРМ (Конференциска сала, 9 кат)
Времетраење: 13:00 – 16:00 часот
Рок за пријавување: до 08 ноември 2017

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00; +389 70 355 656 

ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 1.500 МКД
За студенти цената е 1.200 МКД (20% попуст)

Полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.   


Цели


Слушателите ќе имаат можност поблиску да се запознаат со гледиштата на нобеловецот Ричард Талер и неговото извртување на сопствената економска теорија, која се занимава со истражување на психолошката заднина на носењето на економските одлуки, односно на мисловниот процес преку кој потрошувачите носат одлуки како најрационално да ги потрошат своите пари помагајќи економијата да стане похумана и отворајќи го  полето на бихејвиористичка економија. Слушателите од една страна ќе слушнат за хуманата економија, а од друга страна за аномалиите или негативностите при каленарското работење.

Целна група


Млади банкари, приправници, студенти на економските и правните факултети, дипломци, специјализанти, магистранти, докторанди, истражувачи, индивидуални инвеститори, претставници на трговски друштва, новинари и сите оние кои што професионално или лично се заинтересирани да  слушнат за глобалниот тек на економијта и да стекнат практични знаења.

Содржина


МОДУЛ 1: Придонесот на Нобеловецот Ричард Талер

МОДУЛ 2: Календарски аномалии

МОДУЛ 3: Откривање на календарски аномалии на Македонската берза на хартии од вредност

Потврдување и јазик


На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката. 

Обуката се изведува на македонски јазик. 

 

Предавач


        

Проф. д-р Драган Тевдовски
Министер за финансии

Д-р Драган Тевдовски на местото министер за финансии во Владата на РМ доаѓа од позицијата вонреден професор на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. На Економскиот факултет работи од декември 2002 година, најпрво како помлад асистент (декември 2002 година – септември 2007 година), потоа како асистент (септември 2007 година – септември 2010 година) и доцент (септември 2010 година - септември 2015 година). Во 2016 година ја добива наградата Најдобар научник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во областа на општествените науки за 2015 година. Истата година, врз основа на анкетата на порталот Fakulteti.mk, е избран за еден од Најинспиративните професори во Македонија.
Тевдовски магистрира на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград, Р. Србија (декември 2006 година). Сите предмети на постдипломските студии ги положил со оценка 10. Во февруари 2010 година успешно ја одбранил докторската дисертација на Економскиот факултет во Скопје и се стекнува со титулата доктор по економски науки.
Во 2013 - 2014 година, остварува постдокторски студиски престој на CREATES, Aarhus University во Данска, во областа на економетријата.
Остварил пет студиски престои во странство: Универзитет Карлос III (Мадрид, Шпанија), Универзитет Рим III (Рим, Италија), Универзитет Џорџ Вашингтон (Вашингтон, САД), Универзитет во Стафордшир (Сток-он-Трент, Англија) и Универзитет Св. Климент Охридски (Софија, Бугарија). Учествувал на 95 научни конференции и семинари во странство. Работел на 9 меѓународни проекти.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by