07.11.2017
Прва Меѓународна конференција за спречување на перење на пари (AML) и финансирање на тероризам (CFT)
Примена на иновативни практики во AML & CFT
Аплицирај за семинарот
Општи податоци
Локација: Хотел Холидеј Ин (сала Милениум 2)
Времетраење: 10:00 – 17:00 часот
Рок за пријавување: до 05 ноември 2017
КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656
ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 5.900 МКД
За студенти цената е со 20% попуст
НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.
Цели
Главната цел на оваа меѓународна конференција е да ги запознае учесниците со основите и разликите на AML и CFT, теоретски и практични, трендовите на развојот на глобалната финансиска регулација, поврзаноста помеѓу усогласеноста и AML и CFT. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најдобрите меѓународни практики во согласност со барањата на локално ниво, идентификување на високоризични клиенти и правилно следење и откривање на сомнителни трансакции.
Целна група
Конференцијата е наменета за сите институции: банки, осигурителни компании, приватни и јавни претпријатија и организации кои директно или индиректно работат со хармонизирани операции и сите заинтересирани страни кои имаат или сакаат да ја воспостават функцијата Copliance. Особено за средно до високи офицери на AML, CFT и Compliance во банки и финансиски институции, супервизори, внатрешни ревизори, раководители на филијали, специјалисти од високо ниво.
Содржина
- Поздравен говор од менаџментот на АБИТ
- Отворање на конференцијата од м-р Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи на Р. Македонија
- Воведно обраќање од Ленче Ристовска, Јавен Обвинител на Р. Македонија
- Воведно обраќање од Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција
МОДУЛ 1: AML & CFT сличности и разлики
AML & CFT – Теорија и пракса
Предавач: Томер Захарович (Израел)
МОДУЛ 2: Вовед во тероризам
Финансирање на тероризам
Предавач: Гај Десау (Израел)
МОДУЛ 3: KYC and role of compliance in ALM & CFT
Innovative approach to KYC
Предавачи: Маја Андреевска Блажевска, Томер Захарович (Израел)
МОДУЛ 4: Стратешки анализи и профилирање на високо ризични клиенти
Предавач: Доц. д-р Ивица Симоновски
Панел дискусија на тема: Балканските земји наспроти Западна Европа Q&A
Модератор: м-р Маја Андреевска Блажевска
Говорници: Томер Захарович (Израел)
Гај Десау (Израел)
Ленче Ристоска, Јавен Обвинител на Република Македонија
Горан Николовски, Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК)
Највисок претставник од Нардона банка на Република Македонија
Проф. д-р Светлана Николоска, Факултет за безбедност на РМ
Проф. д-р Злате Димовски, Факултет за безбедност на РМ
Потврдување и јазик
На крајот од коференцијта секој учесник се добива сертификат.
Конференцијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик.
Говорници
Предавачи
Гај Десау
Менаџер Партнер
Sunstone Compliance Strategy Group Israel
Гај Десау е сертифициран сметководител (FCCA UK) чие долгогодишно искуство опфаќа речиси 20 години активна работа во глобалните највисоки инвестициски и малопродажни финансиски институции како на пример: Lehman Bros, UBS, Deutsche bank, ANTS, Tullet Prebon и UMTB. Тој е специјализиран за AML / CTF во регулаторни рамки, откривање на сомнителни активности и финансиски истраги. Неговото искуство вклучува offshore банкарски регулaтиви и менџирање на ризици, контра финансирање на терористичка форензика, MLRO, FATCA & CRS меѓународна даночна усогласеност, финансиско управување со проекти и ревизија на внатрешна контрола. Гај работел на неколку високи позиции, почнувајќи од стратегискиот и финансискиот менаџмент до оперативни и технолошки улоги давајќи му широка перспектива во полето на финансиската индустрија и сродните области.
Неговата најсилна страна како искусен консултант лежи во ублажување стратешки ризик и регулаторната усогласеност. Гај е искусен, умешен предавач и консултант на англиски и хебрејски јазик.
Томер Захарович
Менаџер Партнер
Sunstone Compliance Strategy Group Israel
Томер Захарович е експерт за специјални дејности во областа Спречување на Перење Пари (AML) и Спречување Финансирање на Тероризам (CFT). Работел интензивно на секој практичен аспект од усогласување, стратешки консултантски сервиси со банки од ниво 1, финансиска интелигенција (FIU), фондови, влади, Fintec компании, сервиси за финансиска регулација (MSB), и останати финансиски и академски институции. Искуството на Томер вклучува и работење во мали-средни претпријатија, водење на меѓународна усогласеност и регулациски сервиси за израелската PWC, водење на секторот за меѓународно усогласување на голема израелска банка, служење како офицер за перење пари (MLRO) за Кајманскиот оддел и водење на оддел за усогласување на глобална компанија во Велика Британија. Покрај искуството во областа на спречување на терористичко финансирање, работел и на военото поле како специјалист за анти-тероризам. Томер има титула Магистер на науки од CASS бизнис школото во Лондон и е сертифициран како Специјалист за Спречување на Перење Пари од ACAMS. Течно зборува Англиски и Хебрејски.
м-р Maja Андреевска-Блажевска, CCO, CAMO
Директор на Сектор за контрола на усогласеноста на работењето на банката со прописите во Стопанска банка АД-Скопје
М-р Маја Андреевска - Блажевска е остварен менаџер и искусен директор за контрола на регулативата и банкарската индустрија, по повеќе од 13 години во оваа област, барајќи нови предизвици. Искуството на Маја вклучува работење како усогласеност, AML и CFT, FATCA, Корпоративно управување, Етика, Кодекс на однесување, Обука и развој, Point of contact, Заштита на лични податоци, FATF, Whistleblowing / Anti fraud (Спречување на измами)/Anti bribery (Спречување на мито и корупција). Маја е предавач и раководител на специјализиран модул на Certified Compliance Specialist (предмети - Усогласеност, AML и CFT, KYC, Whistleblowing) на Академијата за банкарство и информатичка технологија - Скопје, Македонија.
Доц. д-р Ивица Симоновски,
Советник во секторот за спречување на перење пари и инспекциски надзор од 2008 година во Управата за финансиско разузнавање
Доц. д-р Ивица Симоновски има значително предавачко искуство од областа на СПП и ФТ, сајбер криминал, корпоративна безбедност итн. Докторирал 2011 година на Правен факултет Јустинијан I, отсек Меѓународна политика. Член на работна група Поглавје 31 за надворешна политика и член на координативно тело за имплементација на меѓународни рестриктивни мерки при МНР, член на Поглавје 24 слобода, правда и безбедност и др. Избран за експерт во делот на организиран криминал и финансирање на тероризам на COE-DAT Centre of Excellence – Defense against terrorism, NATO Centre – Ankara. Континуирано учество во повеќе работни ескепртски групи, проекти и истражувања од областа на СПП и ФТ.