Општи податоци


Локација: АБИТ (Конференциска сала, 2 кат)
Времетраење: 09:00 – 16:00 часот
Рок за пријавување: до 24 октомври 2017

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118

ЦЕНА:

Уплатата за учество на обуката е 8.900 МКД
За втор учесник од иста институција се плаќа 80%. За трет учесник од истата институција се плаќа 70%.
Полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација

Цели


Оваа обука има за цел да помогне во процесот на совладување на IFRS/МСФИ стандардот 9 и негова примена во комерцијалните банки. 
Во текот на обуката ќе користиме практични примени кои ќе Ви помогнат при примената на стандардот при подготвувањето на финансиските извештаи.
Курсот е наменет за професионалци со познавање од финансии и лица кои имаат одговорност во сметководствената, известувачката и/или контролирачката област.

Целна група


Оваа обука има за цел да помогне во процесот на совладување на IFRS/МСФИ стандардот 9 и негова примена во вашата банка – ЕУ искуството со посебен осврт на Република Хрватска.
Без разлика дали веќе го применувате стандардот 9 или известувате според IFRS 9 или се спремате да почнете, нашиот тренинг е дизајниран да го сподели знаењето на банките од ЕУ земјите со посебен осврт на искуството во Република Хрватска како млада членка на ЕУ како и да даде перспектива врз некои од критичните и комплексни прашања за IFRS 9 со кои се соочува вашата комерцијална банка, како и за придонесот кон професионалното надоградување на вашите вработени.
Во текот на обуката ќе користиме практични примени од повеќе банки во ЕУ со посебен осврт на Кроација Банка АД Загреб кои ќе Ви помогнат при примената на стандардот од 01.01.2018 година при подготвувањето на финансиските извештаи. Курсот е наменет за професионалци со познавање од финансии, кои на почетокот од кариерата и без претходно познавање, имаат одговорност во сметководствената, известувачката и/или контролирачката област.

Содржина


МОДУЛ 1: Вовед во IFRS 9
- Споредба со постојните стандарди
- Причини за воведување на новите стандарди
- Концепт Expected Lossa
- LGD
- PD

МОДУЛ 2: Класификација и мерење
- Рекласификација и моделирање
- SPPI тест

МОДУЛ 3: Намалување на вредноста (резервација)
- MRS 39 vs MSFI 9
- Очекувани загуби - пресметки

МОДУЛ 4: Предизвици и прашања
- Како да се прилагодиме на локалната регулатива?
- Влијание врз финансиските извештаи

МОДУЛ 5: Примери за пресметки

Потврдување и јазик


На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.

Обуката се изведува на хрватски јазик.      

Предавач


        

Иван Шверко
Член на Управен одбор на  Croatia Bank d.d.

Претходно работел и во Hypo Alpe–Adria Банка, како и во Riječkoj банка, Erste & Steiermärkische и Volksbanci банка. Во 2000 година магистрира на деловно работење (МВА) на Универзитетот „Kentucky“ во Lexington САД, потоа во 2006 докторира на Економски факултет – Загреб на тема: „Управување со некредитни ризици во Хрватските банки“. Автор е на бројни научни трудови во областа на банкарството и финансиите, и тоа: „Upravljanje nekreditnim rizicima u hrvatskim financijskim institucijama“, и коавтор на книгата „Novac, bankarstvo i financijska tržišta“.            


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by