06.06.2024

2ра КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ
РИЗИЦИТЕ ДВИЖАТ - QUO VADIS?

Аплицирај за семинарот 

Дата: 06.06.2024 година
Времетраење: 10:00 - 14:30 часот
Краен рок за пријавување: 31.05.2024 година
(бројот на присутни е ограничен)
Место: ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ, ул. Васко Каранѓелески, 1000 Скопје
https://maps.app.goo.gl/V7uiVzBfspLL85DE9 

Цена за учество: 6.700 денари (за двајца и повеќе пријавени од иста институција, следува попуст од 15%)

Краток опис:
2та Конференција за управување со ризици преставува отворена платформа за споделување на искуства и гледишта за управувањето со ризици во Банкарскиот сектор на Р.С. Македонија. Овогодинешната конференција има за цел да ги претстави гледиштата на банкарскиот сектор и супервизорскиот орган односно Народната банка околу тековните и идните очекувања за нивото на ризиците, влијанието на интерните и екстерните фактори врз истото како и очекувањата за во иднина. Фокус на конференцијата ќе биде и растечкиот тренд на имплементација на новите стандарди во управувањето со ризици со посебен осврт на управувањето со ризиците по животната околина или ECG.

Целна група:
Финансиски работници во сферата на управувањето и превземањето на ризиците од банкарскиот сектор, пензиски фондови, инвстициски фондови, осигурителни компании и финансиски друштва.

Сетификат:
На крајот на конференцијата, секој учесник добива сертификат за присуство.
Конференцијата се одржува на Македонски/Англиски јазик.

АГЕНДА:
09:30 – 10:00 - Прием и регистрација

10:05 – 10:10 - Отварање на конференцијата
- Проф. д-р Драгољуб Арсовски - Претседател на управен одбор, ТТК Банка АД Скопје

10:10 – 10:15 - Поздравен говор
- Проф. д-р Синиша Наумоски - Претставник на управата на Хајделберг Факултетот во Скопје и Член на советот во Народна банка на Р.С. Македонија

10:15 – 10:25 - Воведен говор
- Проф. д-р Иван Шверко - Директор за управување со ризици во ПБЗ Инвест (Хрватска) и Член на советот на Хајделберг Факултетот во Скопје

10:25 – 10:55 - Презентација 1 - Идни ризици од аспект на Народната банка
- Викторија Глигорова - Генерален директор на секторот за супервизија, Народна Банка на Р.С. Македонија

10:55 - 11:10 - Кафе пауза

11:10 – 11:40 - Презентација 2 - Вештачката интелигенција во управувањето со ризици
- Реџеп Откер - Постар менаџер за кредитни ризици, Прометеиа, Туркије

11:40 – 12:25 - Презентација 3 - ESG Имплементација: Ризици и Можности
- Роџер Х. Хартман - Претседател, Европската асоцијација за финансии и планирање (EFPA) Луксембург
Богоја Китанчев, МБА - Советник на управниот одбор и  ЕСМС офицер / ЕСГ Координатор, НЛБ Банка АД Скопје

12:25 – 13:10 - Ручек

13:10 - 13:30 - INSIGHT - Global Supply Chain Risks - Coming to stay
Проф. д-р Питер Холм, раководител на дипломската програмата за логистика, Provadis Hochschule, Франкфурт


13:10 – 13:50 - Панел дискусија: ИДНИ РИЗИЦИ ОД АСПЕКТ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА РИЗИЦИ
Модератор: Владимир Давчев, МБА, Директор на управување со ризици и финансиско управување, Халк Банка АД Скопје

- д-р Беркан Имери, Член на управен одбор, Халк банка АД Скопје
- Маја Михајлова, Раководител на оддел за внатрешна ревизија, Прокредит банка АД Скопје
- Проф. д-р Иван Шверко, Директор за управување со ризици во ПБЗ Инвест (Хрватска)
Д-р Петар Талески, член на управен одбор на Сава Пензиско друштво АД Скопје

13:50 – 14:10 - ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ, СЛОБОДНА ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Проф. д-р Драгољуб Арсовски, Претседател на управен одбор, ТТК Банка АД Скопје

По образование е Доктор на економски науки, и стекнат акдемски степен Редовен универзитетски професор, од областите поврзани со финансиите поточно макро и микро економијата, монетарната економија, сметководството и ревизијата, јавните финансии, менаџментот, банкарството и осигурувањето.
Во овие области го поминува и своето досегашно долго годишно работно искуство и постепено ја гради неговата научна, стручна и професионална менаџерска кариера, од неговите почетоци, поврзани со ревизијата, потоа во Владата на РМ, Министерството за Финансии, Државниот завод за ревизија и во повеќе банки и една осгурителна компанија на разни раководни позиции.
Како Претседател на Управниот одбор на ТТК Банка и Генерален извршен директор, надлежен е за целокупното работење на Банката, со посебен акцент на поставување на нејзината деловна стратегија и развој. Притоа, согласно законските одредби, интерните акти на Банката и организациската шема, функцијата директно поблиску ги координира работите на Секторот за правни работи и проблематични пласмани, Секторот за човечки ресурси, организација и поддршка, Службата за контрола на усогласеноста на работењето на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Одделот за обезбедување на сигурност на информативниот систем, Службата Секретаријат, Службата за заштита на лични податоци и Службата за внатрешна ревизија, а индирекно и останатите сектори и оддели од организационата шема на Банката.

Проф д-р Иван Шверко, Директор за управување со ризици во ПБЗ Инвест (Хрватска) и Член на советот на Хајделберг Факултетот во Скопје

Професионален банкар со околу 20 години искуство во различни хрватски банки. Поголемиот дел од професионалното искуство е поврзано со широк спектар на теми за управување со ризик, средства и обврски, прашања оврзани со контролинг, трезор итн. Покрај тоа, Иван е дипломиран доктор на науки на Универзитетот во Загреб и магистер по бизнис администрација (MBA) дипломиран на Универзитетот во Кентаки, САД.

Викторија Глигорова, Генерален директор на секторот за супервизија, Народна Банка на Р.С. Македонија

Г-ѓа Глигорова има долгогодишно искуство во областа на супервизијата и финансиската стабилност. Својата професионална кариера во Народната банка ја започна во 2000 година како теренски супервизор, напредувајќи потоа на различни позиции, вклучувајќи советник во Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива, заменик директор на Дирекцијата за вонтеренска супервизија и лиценцирање, до тековната функција која ја извршува од јули 2019 година. Нејзините тековни обврски вклучуваат координација, организација и контрола над спроведувањето на супервизорската и надзорна функција на Народната банка за банките, штедилниците, платежните институции и овластените менувачи. Учествуваше во подготовката, а тековно во имплементацијата на законската и подзаконската регулатива за платежните институции во земјата, вклучително и лиценцирањето на првите платежни институции во првата половина на годинава. Како генерален директор на Секторот, член е и претставник на Народната банка во повеќе тела и организации, вклучувајќи ги и Комитетот за финансиска стабилност во земјата и Групата на банкарски супервизори од Централна и Источна Европа. Својата експертиза континуирано ја надоградува преку учество на голем број меѓународни семинари и конференции организирани од меѓународни финансиски институции и централни банки.

Реџеп Откер, Постар менаџер за кредитни ризици, Прометеиа, Туркије

Реџеп Откер е постар менаџер специјализиран за кредитен ризик со повеќе од една деценија искуство во индустријата за финансиски услуги. Реџеп негуваше силна кариера во управувањето со ризик, анализа на податоци и деловна интелигенција, користејќи ја својата експертиза за значително да придонесе за различни финансиски институции. Реџеп Откер го заврши високот образование со диплома во индустриско инженерство на Универзитетот во Истанбул во 2011 година. Неговото образование обезбеди солидна основа за аналитичко размислување и решавање проблеми, суштински вештини кои го поткрепуваат неговиот професионален успех. Реџеп ја започна својата кариера како специјалист за анализа на ризик во Гаранти Банка, каде што помина три години усовршувајќи ги своите вештини за управување со ризици. По ова, тој служеше како виш специјалист за деловно разузнавање во Кредитното биро на Туркије уште три години, пред да премине во Финансиската компанија Turkcell. Во Turkcell, Реџеп првично работеше како виш специјалист за деловно разузнавање две години, а потоа напредуваше во улогата на научник за податоци, каде што остана три години. Овие позиции му овозможија да развие длабоко разбирање за аналитиката на податоци и нејзините апликации во финансиските услуги. Во септември 2022 година, Реџеп се приклучи на Prometeia S.p.A. како виш менаџер за кредитен ризик. Во оваа улога, тој ги надгледува проектите поврзани со моделите, процесите и управувањето со кредитен ризик за значајни финансиски институции, како и портволија за продажба на големо и мало. Неговите одговорности вклучуваат развој и валидација на моделите засновани на внатрешни рејтинзи (IRB) и МСФИ 9 модели за кредитен ризик, како што се модели за стандардна веројатност (PD), стандардна загуба (LGD) и стандардна изложеност (EAD). Тој, исто така, беше вклучен во развивање на модели за макроекономски преклопувања на МСФИ 9, специјализирани модели за оценување на портфолиото за заеми, системи за рано предупредување и аналитика за наплата.

Роџер Х. Хартман, Претседател, Европската асоцијација за финансии и планирање (EFPA) Луксембург

Роџер е искусен швајцарски и луксембуршки висок банкар со повеќе од 40 години изложеност на различни финансиски центри во Европа, Блискиот Исток, Африка, Азија и Америка. Роџер исто така предава од 1981 година на различни универзитети, како и на програми за континуирано професионално учење. Банкарската стратегија и управувањето со богатството се неговите главни домени на експертиза.
Како извршен директор на Групацијата, Роџер собра бројни искуства со стратегии за раст, развој на нови пазари, стратегии за хабови, спојувања и превземања и трансформација на деловни модели. Роџер зборува 5 јазици и е виш експерт на ATTF од 2010 година. Тој е ко-основач на оваа програма и е координатор и модератор од 2015 година, кога таа беше воведена за прв пат. Денес, Роџер има своја советодавна фирма, користејки ја својата широка и глобална мрежа со цел да ги поврзе партнерите ширум светот. Тој е претседател на Управниот одбор на EFPA Luxembourg Asbl, Здружение со 94.000 сертифицирани финансиски советници во Европа кои се грижат за приватни клиенти, а исто така организираат финансиски конференции, објавуваат прирачници, главно фокусирани на одржливи финансии и дигитална трансформација. Тој е исто така независен член на одбори во две системски европски банки, во една семејна канцеларија во Индија и е член на Советодавниот одбор во неколку фирми за управување со средства и во група за сајбер разузнавање во Европа и Азија. Конечно, Роџер исто така ги менторира и тренира магистерските студенти, како и лидерите на C-suite.

Богоја Китанчев, МБА, Советник на управниот одбор и  ЕСМС офицер / ЕСГ Координатор, НЛБ Банка АД Скопје

д-р Беркан Имери, Член на управен одбор, Халк банка АД Скопје

Како член на управниот одбор надлежен е за Сектор за управување со ризици и финансиско управување, Сектор за следење на кредитен ризик, наплата на ризични побарувања и правни работи, Сектор за човечки ресурси и организација, како и контролни функции. Има завршено додипломски и посдипломнски економски студии, а во 2023 година ги завршува докторските студии, со што се стекнува со академска титула доктор по економски науки. Повеќе од една деценија е во редовите на Халк банка каде во февруари 2024 е избран за член на Управниот одбор. Исто така членува и во Одборот на управување со ризици во Халк банка, Одборот за управување со актива и пасива, Кредитниот одбор и други одбори и комисии во банката. Во својата долгогодишна банкарска кариера учествувал во бројни стручни конференции во земјата и во странство. Покрај Македонскиот, зборува повеќе јазици како, Албански, Турски и професионално Англиски јазик. 

Проф. д-р Питер Холм, раководител на дипломската програмата за логистика, Provadis Hochschule, Франкфурт

Маја Михајлова, Раководител на оддел за внатрешна ревизија, Прокредит банка АД Скопје 

Како раководител на одделот за внатрешна ревизија, надлежна е за многу аспекти, меѓу кои Проценка на дизајнот на системот за внатрешна контрола на Банката, вклучувајќи преглед на неговата ефикасност и ефективност, Преглед и проценка на усогласеноста на работењето на Банката со политиките за ризик и сите други валидни регулативи со користење на различни ревизорски процедури, Развивање на детални планови за ревизија врз основа на методологијата за проценка на ризикот итн.  Има завршено додипломски студии на Универзитетот св. Кирил и Методиј Скопје на економскиот факултет, смер сметковотство и ревизија. Повеќе од две децении работи во големи корпорации на позиции од областа на ревизијата. Во редовите на Про Кредит банка поминува повеќе од 15 години од нејзината досегашна кариера. Член е на Одборот за ревизија на ПроКредит Банка Босна и Херцеговина. Во својата долгогодишна банкарска кариера учествувала во бројни стручни конференции во земјата и во странство.

Д-р Петар Талески, член на управен одбор на Сава Пензиско друштво АД Скопје

Петар има завршено додипломски и постдипломски на економски студии, а во 2011 година ги завршува докторските студии, со што се стекнува со академска титула доктор на науки. Со искуство од повеќе од две децении во банки и пензиски фондови во 2019 година е избран за член на управниот одбор на Сава Пензиско друштво АД Скопје. Во својата долгогодишна кариера учествувал во бројни стручни конференции во земјата и во странство, автор е на повеќе стручни и научни публикации, исто така се има стекнато со мегународна сертификација од областите на делување. 

Владимир Давчев, МБА, Директор на управување со ризици и финансиско управување, Халк Банка АД Скопје


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by