24.02.2021

Certified Accounting Specialist - Level 3


Општи податоци


Локација: online платформа за настава во живо (ZOOM.US)
Времетраење: 24/25/26.02.2021 година
Рок за пријавување: до 12 февруари 2021

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656

Цена


Вкупната школарина за ниво 3 изнесува 1.290 ЕУР (во цената не се вклучени патни трошоци до Германија и хотелско сместување)

Напомена: поради кризата со пандемијата, наставата ќе се изведува преку online во живо (со 100% live streaming). За таа цел, АБИТ дозволува цена на студиската програма од 890 ЕУР.
Хајделебрг Институтот во Скопје на последната седница на Деканската Управа одлучи да додели дополнителни СТИПЕНДИИ (АБИТ цената за online настава) за сите оние слушатели кои ќе се пријават најдоцна до крајот на 12 Февруари 2021 година.
Оттука, конечната цена за слушателите кои ќе се пријават до 12.02.2021 година изнесува 29.000 МКД

Целна група


Право на запишување на специјализациите имаат сите слушатели кои претходно имаат почетни познавања од сметководството

Содржина


Наставата во ниво 3, (CAS 3) се изведува од врвни предавачи од С.Р. Германија, во е-училниците преку online платформа за настава во живо (ZOOM.US)

Имено, германската програма во ниво 3 ќе даде нагласок на тековните и практичните трендови на сметководственото работење во С.Р. Германија (IFRS станадарди). 


Потврдување и јазик


На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.

Слушателите кои ја имаат поминато обуката за сметководство во АБИТ (ниво 1 и 2), ќе се стекнат со Германска диплома за завршена специјалистичка обука по сметководство од FORUM Institute for Management, GmbH од Хајделберг (С.Р. Германија) и висообразовната установа Institute for Business & Management HEIDELBERG – Skopje

Обуката се изведува на англиски јазик.      

Предавачи


  • Проф. д-р Бернд Хакер (Германија)
  • Проф. д-р Роналд Глеих (Германија)
  • Проф. д-р Мајк Шулц (Германија)

Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by