10.12.2020
3та конференција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
Влијанието на Ковид - 19 врз напорите од страна на Владата и приватниот сектор во борбата против перење на пари и финансирање на тероризам
Аплицирај за семинарот Агенда на семинарот
Општи податоци:
Online (by Zoom app.)
Времетраење: 13:00 – 15:30 часот
Рок за пријавување: до 8 декември, 2020
КОНТАКТ ИНФО: +389 71 215 118; v.gavriloska@ibmhs.eu
ЦЕНА:
Регуларна цена за конференцијата по тарифник на АБИТ: 5.900 МКД
Уплатата на партиципација за Online учество: 900 МКД
За пријава на два учесници од иста компанија: 1.200 МКД
За пријава на трет учесник од иста компанија не се наплаќа котизација.
НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизацијата, и тоа:
Уплатата на партиципација за Online учество: 450 МКД
За пријава на два учесници од иста компанија: 600 МКД
За пријава на трет учесник од иста компанија не се наплаќа котизација.
Цели
Главната цел на оваа меѓународна конференција е да ги запознае учесниците со влијанието на Ковид-19 врз напорите од страна на Владата и приватниот сектор во борбата против перење на пари и финансирање на тероризам, трендовите на развојот на глобалната финансиска регулација, поврзаноста помеѓу усогласеноста и AML и CFT. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со најдобрите меѓународни практики во согласност со барањата на локално ниво, идентификување на високоризични клиенти и правилно следење и откривање на сомнителни трансакции.
Целна група
Конференцијата е наменета за сите институции: банки, осигурителни компании, приватни и јавни претпријатија и организации кои директно или индиректно работат со хармонизирани операции и сите заинтересирани страни кои имаат или сакаат да ја воспостават функцијата Copliance. Особено за средно до високи офицери на AML, CFT и Compliance во банки и финансиски институции, супервизори, внатрешни ревизори, раководители на филијали, специјалисти од високо ниво.
Агенда за настанот
Настанот ќе го отвори членот на управата на германскиот институт Хајделберг во Скопје и професор на престижниот Универзитет „Франкфурт школа за финансии и менаџмент“, проф. д-р Роналд Глеич (С.Р. Германија) и
Директорот на здружението на банки на Франција, Г-дин Рене Десбиол.
Со свој поздравен говор ќе присуствуваат :
- Љупчо Николовски, заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси во Владата на Република Северна Македонија;
- Викторија Глигорова, Генералната директорка на Секторот за супервизија на Народната банка на Република Северна Македонија;
Предавачи:
- Мириаси Тоуч, од Здружението на банки на Франција (Франција)
- Виктор Димовски , директор на Агенција за национална безбедност на РСМ;
- Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција на РСМ;
- Блажо Трендафилов, директор на Управата за финансиско разузнавање на Р.С.М.
- м-р Маја Андреевска Блажевска, NBG Bank Malta Ltd (Малта)
- Проф. д-р Злате Димовски, Факултет за безбедност на РМ
- Доц. д-р Ивица Симоновски, Управата за финансиско разузнавање на Р.С.М.
- м-р Глигор Пандиловски, Стопанска банка АД Скопје и Претседател на Комисијата за спречување на перење пари и усогласеност со прописи во Македонска Банкарска Асоцијација
- Д-р Искра Ивановска Стојановска, долгогодишен експерт во супервизија и регулатива (НБРСМ);
Потврдување и јазик:
На крајот на конференцијта секој учесник добива сертификат за учество на истата.
Конференцијата ќе се одвива на македонски и англиски јазик.