22.07.2020

Compliance function - Функцијата за контрола на усогласеност во време на Ковид кризата

Аплицирај за семинарот
22.07.2020
Котизација: 2700 денари
Времетраење на семинарот: 17:00 - 20:45 
Локација: Online - ZOOM.US апликација
Теми:
1. Кризата како можност за промена, ризици од неусогласеност и нивно управување,
2. Комуникација и информации на функцијата контрола на усогласеност со прописите во време на криза,
3. Интерните контролни системи и нивни промени во процесот на дигитализација,
4. Доверлива комуникација во процесот на пријавување на инциденти и други штетни однесувања,
5. Усогласено работење на финансиските институции во услови на корона вирус, со посебен осврт на последните донесени уредби со законска сила за примена на законите за време на вонредна состојба ( Законите за СППФТ, ЗТД, ЗОО, ЗИ)
6. Преземените мерки од регулаторите ( измена на подзаконски акти, изјави во јавноста итн.)

Цели:

Презентации и дискусија за најзначаните прашања и проблеми со кои се соочува функцијата за контрола на усогласеност со прописите во време на Ковид кризата, како и промените на работењето на compliance function во периодот кој следи.

Целна група:


Вработени лица во банкарски институции и други небанкарски институции (даватели на услуги брз трансфер на пари, финансиски друштва, осигурителни компании, пензински фондови), регулаторни тела (МФ,НБРСМ, АСО, КХВ). Compliance officer’s во акционерски друштва во Република Северна Македонија.
Најсоодветно за вработени во организациони делови за усогласеност со прописите, правната дирекција, за усогласено работење со прописите за СППФТ, внатрешната ревизија и организациониот дел за управување со ризиците, како и дирекцијата за човечки ресурси

Предавачи:
д-р Искра Ивановска Стојановска - Самостоен советник, Дирекција за теренска супервизија, Народна банка на Република Северна Македонија
м-р Ирена Бачановиќ Каракашев, CCO - Раководител, Служба за усогласување со прописите и информативна сигурност, НЛБ Банка АД Скопје

Потврдување:
На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.
Обуката се изведува на македонски јазик, во форма на повеќе презентации, како и дискусија на поставени прашања.

Напомена: Местата се ограничени! За таа цел, учеството на овој online форумската дебата ќе ви биде потврдено по e-mail, заедно со ZOOM.US линкот преку кој ќе се поврзете на оваа онлине средба.
За повеќе информации јавете се на контакт телефон +389 71 215 118, или на e-mail: v.gavriloska@ibmhs.eu

Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by