24.03.2021

Унапредување на продажните вештини

“BUSINESS SALES EXCELLENCE”

Аплицирај за семинарот  



Времетраење: 15:00 – 19:00 часот
Рок за пријавување: 23 Mарт 2021

Локација: Online, преку Zoom app.

КОНТАКТ ИНФО: +389 71 215 118 ; academic@abit.edu.mk

ЦЕНА:
Уплатата за учество на семинарот е 2250 денари

Цели


Целта на овој семинар (интерактивна размена на искуства), е да побуди холистичко размислување околу секојдневните рутини и врвните вештини кои што ја прават разликата од квалитетна до супериорно-напредна деловна продажба.

Целна група


Наменета е за сите кои продажбата им е стил на живот, а не обврска и начин за преживување и сите кои се заинтересирани да ги подобрат своите продажни вештини со нови методи и начини.
Не се препорачува за луѓе кои сметаат дека се совршени деловни продавачи и кои проценката за себе ја прават врз основ на историски резултати, а не ја согледуваат реалноста, околностите, а поготово психологијата на луѓето.

Содржина 


МОДУЛ 1: Selling and Persuading
                 а) Теорија за развој на HOMO SAPIENS (мудар човек)
                 б) The Golden Circle, by Simon Sinek
                 в) Science of Persuasion, by Robert Cialdini

МОДУЛ 2: Marketing tools for non-marketing people 
                 а) BCG (Boston Consulting Group) Matrix 
                 б) PLM (Product Lifecycle Management)

МОДУЛ 3: Alchemy – Composing BEST Sales Teams 
                 а) Leadership Vs. Management
                 б) Responsibilities and Empowerment, by Boris Vukic
                 в) Ratko Rudic, true life story

Потврдување и јазик

На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката. 

Обуката се изведува на македонски јазик.


Местата се ограничени! За таа цел учеството на ONLINE семинарот ќе ви биде потврдена по e-mail, заедно со ZOOM.US линкот преку кој ќе се поврезете на ONLINE семинарот.

Предавачи


        

Сашо Дренковски
Head of SME Sales / Business Sales
A1 Makedonija

Сашо Дренковски е роден на 17-ти Април 1975-та година. Основно и средно училиште завршил во Скопје, после што се запишува на Електро Техничкиот Факултет во Скопје во 1994-тата година. Студиите ги завршил на насоката Електроника и Телекомуникации во 2001-ва година со дипломска работа на тема “Квалитет на пренос кај сателитските комуникации”, под менторство на Проф. Д-р. Борислав Поповски.
Својата професионална кариера ја започнал во 2002-ра година во компанијата Македонски Телеком, каде извршувал различни професионални задачи. Своето искуство на полето на телекомуникациите го докажал преку многубројни проекти во кои учествувал работејќи како инженер за телекомуникациски мрежи. Во 2010-та година добива одговорност да раководи со службата за управување на CAPEX проекти (Capital Expenditures). Од 2011-та до 2014-та година извршува раководни функции во секторот за продажба на деловни корисници и се стекнува со огромни познавања за пазарот на телекомуникации, продажните, преговарачките и презентациските вештини. Последните години пред да ја напушти компанијата бил раководител на група од 23 Key Account Менаџери, одговорни за огромен дел од годишниот приход што го остваруваше компанијата Македонски Телеком, во тоа време.
Во 2015-та година тој својот професионален ангажман го продолжува во компанијата ЕВН Македонија, каде работел на позиција раководител на група за IT Инфраструктура.
Од 2018-та година член е на А1 Македонија, извршувајќи работни задачи на позицијата Раководител во Бизнис Продажба, одговорен за SME пазарот. Раководи со 2 тима продажни менаџери, одговорни за SME сегментот на корисници, распоредени во различни делови на Македонија.
Во текот на 2013-та година сакајќи да ја надогради и дооформи својата професионално стручна подготвеност се запишал на пост-дипломски студии по Проектен Менаџмент, на ФЕИТ во Скопје. После положувањето на неопходните испити од предвидената програма, го пријавил магистерскиот труд со наслов “Споредба на лидерските и менаџерските вештини кај врвните менаџери во Македонија и нивното влијание врз креативноста и одржливоста на деловниот развој”, кој под мое менторство на Професор Д-р Вангел Фуштиќ и во присуство на стручна комисија, со успех го одбранил.

Оженет е и татко на 2 прекрасни ќерки.
Во слободното време спортува, се дружи, го сака животот и не престанува професионално да се надоградува.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by