04.03.2020

Влијанието на процесот на пристапување во ЕУ врз банкарските институции - пример на Р. Хрватска

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Локација: АБИТ (Конгресна сала II кат)
Времетраење: 09:00 – 13:30 часот
Рок за пријавување: 27 февруари 2020

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215118

ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 4.900 ден.
За втор учесник од истата институција се плаќа 80%

НАПОМЕНА: полноправните членки на АБИТ, плаќаат само 50% котизација.   

Цели


Република Хрватска е членка на Европската Унија. Овој факт имаше корисен ефект врз целата нејзина економија.

Целта на овој семинар е да се представи влијанието на овој процес врз банкарското работење.

Специфичниот фокус на семинарот ќе биде ставен на влијанието со воведувањето на ЕВРО-то во банкарското работење.

Целна група


Семинарот е наменет за вработени во банки и финансиски институции особено во секторите за управување со ризици и за сите останати кои сакаат професионално и лично да се надоградат со оваа проблематика на работењето на финансиските институции.

Содржина


МОДУЛ 1: Банкарската регулатива во Република Хрватска во последните 10 години
                 а) Вкупната банкарска регулатива со краток предлог на најважните делови
                 б) Однесување на регулаторот
                 в) Влијание на институциите на ЕУ
                 г) Примери на регулативата и националната дискреција (регулатива IFRS/МСФИ9)

МОДУЛ 2: Позиции на капиталот
                 а) Движење на адекватноста на капиталот
                 б) SREP и ICAAP процеси

МОДУЛ 3: Позиции на ризик
                 а) Кредитен ризик
                 б) Ризици на пазарот
                 в) Оперативни ризици
                 г) Процеси за спречување на перење пари

МОДУЛ 4: Владеење на правото – пример за CHF кредити

МОДУЛ 5: Воведувањето на ЕВРО-то и влијанието врз работењето на банките
                 а) Задолжителна резерва
                 б) Трошоци за финансирање
                 в) Осигурување на депозит итн.

 

Потврдување и јазик


На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката.

Обуката се изведува на хрватски јазик.

Предавачи


        

Проф. д-р Иван Шверко

Претходно работел и во Hypo Alpe–Adria Банка, како и во Riječkoj банка, Erste & Steiermärkische и Volksbanci банка. Во 2000 година магистрира на деловно работење (МВА) на Универзитетот „Kentucky“ во Lexington САД, потоа во 2006 докторира на Економски факултет – Загреб на тема: „Управување со некредитни ризици во Хрватските банки“. Автор е на бројни научни трудови во областа на банкарството и финансиите, и тоа: „Upravljanje nekreditnim rizicima u hrvatskim financijskim institucijama“, и коавтор на книгата „Novac, bankarstvo i financijska tržišta“.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by