Општи податоци


Локација: Oestrich-Winkel, Германија

Рок за пријавување: 11 октомври 2019

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 70 355 656

ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 85.763 МКД (1390 EUR)
АБИТ нуди можност за организиран превоз (повратна авионски билет, транспорт на релација аеродром- Oestrich - Winkel - аеродром) и сместување со доплата од 300 ЕУР. 

Целна група


Обуката е наменета за сите заинтересирани слушатели за контролинг и оние кои имаат поминато ниво 4 во Скопје, сите заинтересирани кои се на раководни позиции на финансии или сектор контролинг во своите институции или сакаат да се развиваат и растат во своите кариери, сите заинтересирани кои сакаат да го надоградат своето знаење и познавање од контролинг функцијата со меѓународни практики дирекно од земјата од каде е создаден контролингот од практичари со над 20 годишно работно искуство на оваа проблематика.

Потврдување и јазик


На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат под менторство на Horváth & Partners Academy.

Обуката се изведува на англиски јазик.

Предавачи

Предавачи (искусни клиничари за контролинг од германските компании под раководство на проф. д-р Роналд Глеих)


 

       

 Проф. Д-р Мајк Шулце

Професор за контролинг, сметководство и финансиски менаџмент во Еuropean Management School (ЕМS), Мајнц, Германија.

Проф. Шулце докторира на програма за докторски студии "Бизнис администрација" на EBS Universität für Wirtschaft und Recht, Oestrich-Winkel, Германија.

Магистрира на тема "Бизнис Консалтинг" на Универзитетот за применети науки Висмар, Германија.

Дипломира на студиската програма "Wirtschafts-und Organizations wissen schaften" на Универзитетот во Сојузните вооружени сили Минхен, Германија.

Поседува богато работно искуство и знаење како:

Раководител на истражувачки центар, истражувачки директор  за Контролирање и иновации при на Институтот за иновации и претприемништво Страшег (SIIE), EBS Universität für Wirtschaft und Recht, Oestrich-Winkel, Германија.

Истражувач на Одделот за енергетски системи, Одделот за менаџмент и инженерство, Linköping University, Шведска.

Истражувачки асистент и докторски студент на Институтот за иновации и претприемништво Страшег (SIIE), EBS Universität für Wirtschaft und Recht, Oestrich-Winkel, Германија.

Семинар менаџер, Horváth Akademie GmbH, Штутгарт / Oestrich-Winkel, Германија.

Финансиски аналитичар, Ford-Werke GmbH, Келн, Германија.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by