30.05.2019

WAY of SUCCESS - STARTUPS (practices and experiances from Israel)

1+1 гратис учество!!!

Аплицирај за семинарот  

Општи податоци


Локација: НБРСМ (Конгресна сала 8 кат)
Времетраење: 16:00 – 19:00 часот
Рок за пријавување: 21 мај 2019

КОНТАКТ ИНФО: +389 2 312 55 00, +389 71 215 118

ЦЕНА:
Уплатата за учество на обуката е 1.500 ден.

НАПОМЕНА: 20% попуст за студенти и невработени   

Опис


Оваа обука има за цел да ја објасни улогата и значењето на STARTUPS компаниите во рамките на новите трендови и предизвици.

Обуката ќе опфати практики и искуства од значајни претприемачи од Израел и  Република Северна Македонија, каде што во рамките на нивната приказна ќе излезат со говор за мотивација, начинот и патот како да се  успее со своите идеи, како да се преземат нови предизвици и да направат напредок и раст на новоотворените STARTUPS компании.

Целна група


Семинарот е наменет за сите млади и идни претприемачи, студенти, како и сите други кои сакаат да се запознаат и разменат искуства од домашните и странските основачи на успешни  STARTUPS компании.

Потврдување и јазик


На крајот од обуката секој слушател добива специјалстички сертификат од страна на Институтот ХАЈДЕЛБЕРГ.

Обуката се изведува на англиски и македонски јазик.

Предавачи


        

Ram Gilboa

C.E.O Korea-Israel Co.

Рaм Гилбоа студирал антропологија и бизнис менаџмент во САД, продолжил со студии за историја, филозофија и социологија на науката и идеите во Израел.

Тој живеел Ј. Кореја 8 години, каде што работел за Израелската амбасада, предавал на универзитетот и бил консултант за неколку корејски владини деловни организации.

Во моментов, Рам живее во Израел и е сопственик на StepUp Медика, која е компанија која развива скали за искачување на инвалидска количка.

Ова е негова трета компанија за стартување.

Проф. Д-р Синиша Наумоски

Член на Народна Банка на Република Северна Македонија

Извршен директор на Академија за Банкарство и Информатичка Технологија – АБИТ

Професор на Институтот за Бизнис и Менаџмент ХАЈДЕЛБЕРГ Скопје

Даниела Милошеска

Основач на BastetNoir и Coffice Co-working


Дипломиран магистер со завршени додипломски студии по претприемништво во Словенија и магистерски студии за моден и луксузен менаџмент во Франција. Работното искуство го започнува како практикант во македонска компанија за организирање на настани, каде работи како проект менаџер на организација на конференција за односи со јавноста, а го продолжува во Лондон како бизнис истражувач во Ethical Fashion Forum. Бастет Ноар ја основа на крај на 2013тата година, а самата платформа започнува како место за промоција и продажба на македонските модни дизајнери надвор од границите на Р.Македонија. Како таков концептот не е успешен и затоа две години подоцна Бастет Ноар се трансформира во бренд кој почнува да изработува персонализирани парчиња облека според преференците и мерките на своите клиенти. Овој бизнис концепт го претвора Бастет Ноар во глобален бренд, чии колекции се вклучени на сајтови како Huffington Post и Refinery29 со повеќе од 600 онлајн партнери кои ги носат и продаваат колекциите на Бастет Ноар и парчиња продадени во 68 држави, распространети на 4 континенти. Во 2015та, Даниела го започнува и својот втор бизнис, Coffice, мал коворкинг простор во центарот на Скопје, прв од овој вид во Македонија.


Icon

Ул. „Орце Николов“ бр. 75 1000, Скопје (зграда на Македонска берза АД Скопје - први кат)

Icon2

+389 2 312 5500


Site by